X
 30.07.2017 Наука

Снимен е еден од најретките феномени на Земјата

Четириесетгодишниот Дејвид Финлеј од Австралија снимил редок феномен познат како „црвени џуџиња“.

ѕвезди
Фото: Screenshot/Youtube

„Ја поставив камерата и буквално на неколку минути почнаа да се случуваат џуџињата. Не можев да поверувам. Мислев дека ќе бидам среќен ако снимам барем едно, но тие продолжија да паѓаат“, изјавил тој.

„Црвените џуџиња или духови“, како што често ги нарекуваат, се електрично празнење во атмосферата кое за разлика од обичната молња, се појавува високо над облаците од бурите. Често ги нарекуваат и „превртени молњи“, а настануваат во речиси иста висина на која метеорите согоруваат во атмосферата.

Погледнете го видеото.

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука