X
 31.07.2017 Образование

Американ колеџ - прв и единствен универзитет кој нуди програма за двојна диплома!

Подготвени сме секогаш да им излеземе во пресрет на нашите студенти и ученици. Немаме компромис само за една работа – а тоа е квалитетот, вели проф. д-р Марјан Бојаџиев, ректор на Универзитетот „Американ колеџ – Скопје“ (УАКС). Тој најавува што ново ќе понуди универзитетот во новата учебна година, какви можности им нуди на идните студенти, а една од поголемите новости е отворањето на средно училиште American High School Skopje


Универзитет Американ Колеџ Скопје е веќе 12 години на македонската високообразовна сцена. Се уште го корстите логото „Decade of world class education”. Дали можете да ни кажете зошто?

Да, тоа е добропрашање. Пред две години, по повод декада од посењето ја лансиравме таа кампања. Се уште ја сметаме за актуелна, но наскоро слоганот ќе го промениме со нашата изјава за мисија – Dedicated to World Class Education . Сметаме дека ова мото најдобро ја отсликува нашата Мисија и Визија.

Што е она што го издвојува Американ Колеџ од другите високообразовни установи во Македонија.

Постојат многу работи кои сметаме дека не диференцираат од останатите. Да одиме по ред:

I. Прво и најважно е нашата меѓународна акредитација. Ние сме единствен универзитет во Македонија кој е меѓународно акредитиран. Акредитацијата ја имаме срекнато од страна на ACBSP во САД , тело овластено од Council for Higher Education ( CHEA) односно нивниот пандан на Министерство за Образование. Со тоа имаме апсолутна компаративна предност пред останатите високообразовни установи.

II. УАКС е единствен универзитет во Македонија кој има програма за двојна диплома со странски универзитет.

Еден од новитетите на УАКС, а воедно и конкурентна предност на УАКС е што е прв универзитет во републиката кој нуди програма преку која студентот се стекнува со 2 дипломи. Едната диплома од Американ Колеџ, а другата од Универзитетот Тор Вергата во Рим.

III. Имаме најдобар сооднос на професори во однос на број на студенти .

Во моментов просекот е 15 студенти, додека најголемата група е 25. Токму затоа и велиме дека кај нас студентите се личности, а не бројки. За разлика од некои други универзитети каде групите се и по 400 студенти, сметаме дека малиот број на студенти овозможува интеракција и менторирање од страна на професорот, и тој ги познава своите ученици по име.

IV. Литература и електронски датабази.

Предавањата на УАКС се базирани врз литература од врвни светски издавачи, како на пример Prentice Hall International, Mc-Graw Hill и други. Неодамна добивме донација од Cengage во износ од преку 20,000 €. Посебно би истакнале дека Американ колеџ е единствен во Македонија кој има пристап до ЕБСКО - најолемата светска база на научни трудови

V. Професори

Кога станува збор за академски кадар на УАКС, велиме дека е одбран врз основа на политика на три третини. Една третина се редовно вработени академици (доктори на наука) кои се експерти во областа во која тие предаваат. Втората третина се реномирани професионалци и насловни доценти кои доаѓаат од индустријата и со тоа го збогатуваат практичното искуство на самата програма. И третата третина се визитинг професорите од странство кои додаваат вистински меѓународен елемент. Овие правила важат за сите факултети, без исклучок, како за Факултетот за деловна економија и организациони науки, така и за Факултетот за архитектура, Компјутерски науки, Политички науки, Правни Науки, и Странски јазици. Воедно, за квалитетот на нашиот наставен кадар говори и фактот дека многумина од нив се избрани за визитинг професори во странски високообразовни институции кои уживаат висок пласман на светско ниво. Така нашиот професор Марјан Петрески, беше гостин во Јапонија, проф. Никица Мојсоска - Блажевски на London School of Economics, проф. Мишко Ралев на Technical University of Vienna, проф. Марјана Ванева на Kings College London и Cambridge University, проф. Иван Додовски на University of Darby, a јас и проф.Илијана Петровска сме предавачи на Universita di Roma – Tor Vergata.

VI. Рангирање

Американ Колеџ е најдобро рангиран приватен универзитет и петти на ранг листата која ја изготвува Шангај за потребите на МОН. Исто така, но уште поважно Американ Колеџ има најдобро рангиран факлултет за бизнис и економија, и тоа 3 години по ред на листа која се изготвува од страна на САД наречена Ideas Repec.



VII. Договори за меѓународна соработка

УАКС има договори за меѓународна соработка со 7 универзитети рангирани во ТОП 500: ЕЛТЕ Будимпешта, TU Wien, Универзитетот во Белград, Универзитет Маастрихт, Универзитетот во Ахен, Универзитетот Дофин во Paris, и последниот, но и најважен, со кој имаме и склучено договор за двојна диплома – Универзитетот Тор Вергата во Рим.

VIII. Квалитет во наставата

Покрај имплементацијата на напредни техники на пренесување знаење како што е партиципативната метода на учење и индивидуалниот фокус на студентите, за квалитетот во наставата доволно говори и фактот дека на УАКС мора да се постигне определен просек за да се дипломира. За да можете да дипломирате, просечната оценка треба да ви биде 7ка (GPA 1.67). Со тоа ние гарантираме квалитет на знаењето со кои излегуваат студентите од нашите клупи, а тоа и го препознава деловната заедница.

IX. Врски со деловната заедница

УАКС е горд на соработката со деловната заедница. Имаме преку 150 компании во деловниот совет чиишто претставници се често гости предавачи на одредени предмети во нивната бранша, и помагаат во креирање на нови а и обновување на постојните академски програми. Секако дека нудат и пракси на нашите студенти.

X. Последно, но не и најмалку важно - Вработување.

Со драго срце можам да кажам дека 90% од дипломците на Американ колеџ се вработени во период од 6 месеци по дипломирањето. Ова е доказ дека нашите програми се усогласени со побарувачката на вештини и квалитети на пазарот за труд.

Го споменавте договорот за двојна диплома со Тор Вергата Универзитетот во Рим. Што тој практично значи и кои се бенефициите за македонските граѓани?

Тор Вергата е рангиран ТОП 400 во светот според Шангајската листа, но и како ТОП 150 факултет за бизнис и економија според QS World University Rankings и како како и ТОП 100 универзитети помлади од 50 години.

Со овој договор, нашите студенти студираат 2 години во Скопје и една година во Рим. Исто важи и во обратен случај, студенти до Италија би студирале 2 години во Рим и потоа 1 година во Скопје. Со тоа им се овозможува на наши студенти да се стекнат со

1) Не една, туку две врвни дипломи
2) Европски призната диплома

Сето ова им го овозможуваме на нашите идни студенти по многу пристапни услови – студирање во Скопје по редовната цена на Американ Колеџ.

Единствен дополнителен трошок се трошоците за живот за време на 9 месечниот престој во Рим. Но вкупниот износ е сепак далеку понизок од било кое студирање надвор од Скопје, посебно од студиите на врвни уноверзитети.

Сметаме дека со овој договор ќе овозможиме интензивирање на културната размена, како и на разбирањето меѓу Италија и Македонија. А воедно, ќе им овозможи на нашите студенти да студираат во својот дом и со истите трошоци , но на интернационална програма која што се следи во странство на врвен универзитет.

Се уште, кај некои граѓани е врежано мислењето дека приватниот универзитет е скап, но и дека не нуди доволно знаење. Какво е вашето мислење?

За жал да, но мислам дека овие предрасуди полека се надминуваат.
По основ на тоа дали е образованието на УАКС скапо за наши услови, јас би ги запрашал родителите:
Дали се 3, 000 € многу или малку за иднината на Вашето дете?

Три години, и тоа за студии на англиски јазик, не преминуваат 6 240 евра ( доколку се искористат сите финансиски олеснувања кои ги нуди УАКС)

Во исто време студиите на државен иниверзитет, најчесто се 4 годишни и ако земете школарина од 400 евра, но и пријавување испити, задолжителна литература и слично.... доаѓаме до износ кој веќе почнува да се ближи кон 3,000 €.

Одговорот е едноставен – 3, 000 € во три години, а разликата е за цел живот?

Па само во првата година, со вработување во меѓународна фирма , студентот може да заработи повисока плата со која може да финансира голем дел од разликата.

Освен оваа програма за двојна диплома, кои се други новости на УАКС?

Секако дека новини постојано има, и веќе неколкупати го имаме ажурирано нашето портфолио низ годините. Но како посебни би ги издвоил новите академски програми, како што програмата за Психологија (веќе 3 години), програмата за Човечки Ресурси (две годни), програмата за Ревизија и сметководство (две години), и секако најнова е програмата Бизнис администрација и економија - ова е всушност името на програмата за двојна диплома со Тор Вергата.

Има нешто што е ново, а не го споменавте. Тоа е отворањето на средно училиште American High School Skopje. Како се решивте на овој чекор и кои се Вашите очекувања.

Концептот на вертикална интеграција е познат во секојдневнието. Скоро сите приватни средни училишта се вратија еден чекор наназад и отворија основни училишта.

Нашиот концепт е следен:

1) Да понудиме екстра квалитетно средно образование по пристапна цена – т.е. да го реплицираме моделот од Универзитетот на ниво на гимназија, и

2) Да понудиме достапно средно образование, за оние кои сакаат настава на англиски јазик, а при тоа не можат да го покријат ценовното ниво на некои етаблирани училишта во Македонија.

Се надеваме дека ќе создадеме задоволни ученици и задоволни родители, исто како што имаме на унивезитетскко ниво.

Ние сме подготвени секогаш да им излеземе в пресрет на нашите студенти и ученици. Немаме компромис само за една работа – а тоа е квалитетот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование