X
 04.08.2017 Образование

Светиниколскиот театар со три награди се врати од летната турнеја во соседството

Градскиот аматерски театар „Сцена 71“, Меѓународниот Славјански универзитет „Г. Р. Державин“ и Домот на културата „Крсте Мисирков“ од Свети Николе се вратија со 3 награди од летната турнеја во соседството.

Театарот постои од 1971 година, а со претставата „Европејци“ светиниколските актери гостуваа на три фестивали во регионот. Првиот фестивал на кој се претставија е „Фестивал на фестивалите“ во Требиње, потоа фестивалот „Хистрион“ во Прокупље и Фестивалот на студентски театар „Кестенбург“ во Бања Лука.























„Европејците“ ги освои срцата на публиката и беше наградена со:

- Трето место „Голем Хистрион“ - фестивал „Хистрион“ - Прокупље
- Награда за најдобра сценографија за Стефан Ѓорчев - Прокупље
- Награда за колективна актерска игра во Бања Лука

Претставата е работена по текст на Мирољуб Недовиќ, а е во режија на Слободан Елисеев. Премиерата на претставата се одржа на Меѓународниот Славјански универзитет во Свети Николе во април 2017, на затворањето на меѓународниот театарски фестивал „Билазора“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование