X
 04.08.2017 Живот

Зошто оваа фотографија вреди 157 илјади долари?

Алберт Ајнштајн со исплазен јазик е еден од најпознатите моменти што бил фотографиран.

фото извор: news.com.au

Со оглед на тоа колку станала позната фотографијата, тешко е да се замисли дека некој би платил 157 илјади долари за испечатена верзија на фотографијата, но всушност некој го сторил токму тоа. Името на купувачот не е познато, а освен што добил фотографија, добил и автограм од Ајнштајн.

Фотографијата била направена на 14 март 1951 година. На Ајнштајн многу му се допаднала, па побарал неколку копии, кои им ги дал на свои блиски пријатели.

Во моментот кога е фотографиран, Ајнштајн бил помеѓу директорот на Институтот за напредна наука во Принстон и неговата сопруга.

Фотографијата е еден од највредните предмети што се продале на аукција која вклучувала продажба и на летечкиот план на „Аполо 13“, вселенски костими од истата мисија, како и фотографии од астронаути.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот