X
 05.08.2017 Образование

Училиште без дисциплина е како воденица без вода

Како што воденицата ќе застане ако и се запре водата, така и во училиштето ќе застане сè ако  му се одземе дисциплината.  Одамна е напишано, уште во првите книги по педагогија дека, физичката казна е ропско средство и најнесоодветна метода за слободните луѓе, и тие никогаш не смеат да се применуваат врз децата, учениците.Физичката казна нема никаква сила да ги мотивира или да поттикне во децата љубов кон учењето или науката, но има многу сила да и всади во душата одвратност и омраза кон нив.




Но, образовниот систем и учителот потребно е да ги познаваат целта, содржината и формата на дисциплината, за да се знае зошто, кога и како треба некои нешта да се применуваат.

Според принципот за училишна дисциплина на Коменски –  на најдобриот дисциплински метод не учи сонцето кое на сè што расне му дава  (1) светлина и топлина, (2) понекогаш дожд и ветер, (3) поретко, молњи и громови, и сето тоа е корисно за нив.

Дисциплината не треба да се применува заради (не)учење или (не)наука туку заради моралот. Од должностите произлегува и одговорноста – не може некој да биде одговорен за нешто за што не бил задолжен. Од одговорноста произлегува или заслугата или вината.

Целта на дисциплината


Дисциплината треба да се применува на оние кои направиле некаква грешка. Но, не заради некаква казна, туку заради не правење повторно исти грешки. Затоа, дисциплината треба да се применува без страсти, лутина и омраза, туку со почитување и искреност. На тој начин ученикот треба да види дека дисциплината е потребна за негово добро, како кога се прима горка лажица сируп за подобро здравје, пропишано од лекарот.

Губењето на авторитетот на учителот има негативни последици на односот на учениците кон другите и училиштето.

„УЧИЛИШТЕ БЕЗ ДИСЦИПЛИНА Е КАКО ВОДЕНИЦА БЕЗ ВОДА“ (Чешка народна поговорка)

Извор: Еуритмија
Подготвил: Доц. д-р Кирил Барбареев

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование