X
 09.08.2017 Живот

Децата со оштетен слух и говор пееја со Роналдо, Мурињо, Зидан, Погба, Иско, Рамос...



Фудбалерите на Реал Мадрид и Манчестер Јунатед, кои синоќа во Скопје играа за Супер Купот на УЕФА, се дружеа со 20 средношколци и пет дечиња со оштетен слух и говор од државното специјализирано училиште „Партение Зографски“ од Скопје, исполнувајќи им ја желбата да ги запознаат едни од најголемите спортски ѕвезди во светот.



Децата беа воодушевени од гестот на двата тима и не ги криеја емоциите кога застанаа заедно со Роналдо, Мурињо, Зидан, Погба, Иско, Рамос…

Овие дечиња настапија на свеченото отворање на Супер купот на „Телеком арената Филип Втори“и на нивниот знаковен јазик ја испеаја песната „Небо полно со ѕвезди“ од групата „Колдплеј“.

Додека пееја на нивниот знаковен јазик им се придружија и фудбалерите на двата тима и дваесетилјадната публика на стадионот, мафтајќи со дланките, за децата да знаат дека сите пеат со нив.Децата добија поздрав од цел стадион. Овие средношколци и петте помали дечиња, кои исто така се со оштетен слух или говор или имаат родители со пречки во слушањето и зборувањето, беа избрани од УЕФА Фондацијата да настапат на овој голем спортски настан.

Заедно со нив пееја и членовите на хорот Фалсето при Македонската опера и балет.





Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот