X
 10.08.2017 Живот

Последните подготовки пред фрлањето на нуклеарките во Јапонија

Подготовката за збришување на цели градови и многубројни човечки животи е навистина голема.

фото извор: US National Archives

На 6 август 1945 година САД фрлија атомска бомба во Хирошима, Јапонија. Бомбата беше наречена „Малото момче“. Потоа на 9 август беше фрлена уште една бомба во Нагасаки, наречена „Дебелиот човек“.

Според Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес, во Хирошима загинале 150 илјади лица, а во Нагасаки 75 илјади. Од американските национални архиви биле објавени фотографии од подготвувањето на нуклеарните бомби.

Прикажано е како војниците ги проверуваат бомбите и како вршат одредени тестови. На самите бомби тие ги испишувале своите имиња и оставале пораки.

фото извор: US National Archives

Поминале 72 години откако оружјето за масовно уништување беше фрлено во Јапонија од страна на САД. Јапонскиот премиер повикал за „свет без нуклеарни оружја“ на церемонијата што се одржала за потсетување на двата страшни датуми за Јапонија.

Во исто време, аналитичарите во САД најавиле дека се сомневаат дека Северна Кореја има нуклеарно оружје.

Како што велат експертите, очигледно е дека лекцијата не е научена.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот