X
 10.08.2017 Технологија

Што се случува на интернет во рок од 60 секунди?

интермет
Фото: Visual Capitalist

Кога би прашале некој колку е голем интернетот, веројатно не би можел да ја погоди неговата вистинска големина.

Бидејќи освен огромен број на веб-страници, постои цел еден свет од страници што не се индексирани во пребарувачите, па е невозможно да се пронајдат.

Според веб-сервисот кој на дневна база ја проценува големината на „world wide web“, моментално неговата големина е околу 4,53 милијарди страници.

Доколку се земе предвид дека во светот живеат околу 7,5 милијарди жители, тоа значи дека на една веб-страница има 1,65 жители.

Компанијата „Вижуал капиталист“ се обиде да опише што се случува во само една минута на интернет.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија