X
 10.08.2017 Култура

Водич за најголемите тајни на природата

Тристан Гули е експерт во она што го нарекува „природна навигација“. Во серија фасцинантни книги тој споделува неверојатно корисни совети што ќе ви помогнат да ја забележите едноставната вистина за светот околу вас. Посебната генијалност кај Гули е тоа што откако ќе ви покаже нешто за природата што не сте го сфатиле претходно, вие постојано ќе го гледате.

Ова се петте негови омилени природни навигациски трикови, поткрепени со анимација.

1. Можете да ја искористите полумесечината за да го пронајдете југ (или север)

1
Фото:  Chelsea Beck


Следниот пат кога ќе видите полумесечина, нацртајте линија која ги спојува нејзините краеви во тангента, а потоа продолжете ја линијата додека не го допре хоризонтот. Во северните делови од светот, на дното на линијата, е југот.

Методот не е совршен, но ви дава брза и груба мерка. Колку е повисока полумесечината, толку е поголема сигурноста на методот.

Некои луѓе се љубопитни како ова функционира. Одговорот е затоа што сонцето и месечината изгреваат на исток, а заоѓаат на запад. Така тие се движат во правец исток-запад, што значи дека не се во истиот дел на небото - тие се или источно или западно едно од друго. Знаеме дека Месечината нема сопствена светлина, па кога ќе ја видиме светлата страна на Месечината, таа всушност насочува кон Сонцето.

2. Набљудувањето на птиците може да ви помогне да ги предвидите временските услови

w
Фото:  Chelsea Beck

Следниот пат кога ќе шетате низ соседството, набљудувајте ги птиците на покривот или на телефонските жици. Ако забележите дека скоро сите се свртени на една страна, постои голема шанса да се насочени кон ветрот. Ова е најразумната насока за птиците, во случај да треба веднаш да заминат.

Ако забележите дека некои птици се свртени кон другата страна, тие покажуваат дека насоката на ветрот се менува. А значителната промена на насоката на ветрот е силен индикатор дека времето ќе се промени.

3. Повеќето дрвја растат во форма на знакот „√“

3
Фото:  Chelsea Beck

Очигледно, на сите зелени растенија им е потребна сончевата светлина. Затоа, логично е растенијата да растат повеќе од страната од каде што доаѓа светлината. Во северните делови на светот, каде што сонцето се наоѓа на југ во средината на денот, тоа значи дека растенијата растат повеќе на јужната страна.

Обидете се да забележите дрво следниот пат кога ќе одите на прошетка. Ќе забележите дека дрвото е повисоко на јужната страна, освен ако не му пречат други фактори - на пример, стаклените згради кои предизвикуваат дрвјата да растат на погрешен начин.

Поради ботаничкиот ефект наречен фотоотропизам, сите гранки на дрвото се обидуваат да растат кон светлината. На јужната страна тие можат да одат по прилично директен пат. Значи тие се насочуваат кон сонцето, па се создава малку поголема хоризонтална гранка. На северната страна, тие сè уште се обидуваат да растат кон светлината, но не можат да го добијат тој директен пат.

4. На Т-раскрсница, можете да откриете каде треба да се насочите

4
Фото:  Chelsea Beck

Да речеме пешачите и почнувате да се сомневате во вашата рута. Ако дојдете до Т-раскрсница, можно е да испаничите. Каде треба да свртите? Но голема е шансата да забележите по кој пат одлучиле да одат повеќето луѓе.

Можеби ќе помислите дека е 50-50 одлука, но ретко двете насоки да бидат еднакво силни. Скоро секогаш постои поголем град, па дури и повеќе популарно кафе - некоја причина поради која луѓето почесто се одлучуваат за еден пат отколку за друг. Па така, на Т-раскрсницата ќе забележите дека луѓето се одлучиле за патот каде што нема трева, поради пешачењето.

Со практика наскоро ќе почнете да го гледате ова во скоро сите природни средини. Дури и на тротоарите, ако добро се потрудите, ќе забележите малку сјај или други индиции што ви покажуваат на каде одлучиле да одат другите луѓе. Функционира апсолутно секаде. Секако, постои искушение кога ќе стигнете до раскрсница, па си велите: „О Боже, не знам по кој пат да одам“. Ако се одлучите за патот за кој повеќето луѓе веќе се одлучиле, вие ќе се движите кон цивилизацијата.

5. Можете да ја искористите Касиопеја за да ја пронајдете ѕвездата Северница

5
Фото:  Chelsea Beck

За да ја искористите Касиопеја за да најдете насока, ќе треба да се обидете да ја пронајдете ѕвездата Северница. Како што кажува самото име, Северницата се протега на север. Ако можете да ја идентификувате ѕвездата Северница, може да нацртате вертикална линија на земјата, со што ќе гледате северно.

Постојат многу различни начини за пронаоѓање на ѕвездата Северница, но Касиопеја е еден од најзабавните. Како се пронаоѓа? Треба да барате пет ѕвезди што имаат груба форма на буквата „W“. Не е совршено „W“, малку е истегнато на една страна и смачкано на друга страна, но има одлична препознатлива форма.

Значи, треба да барате соѕвездие во облик на „W“. Имајте на ум дека како што кружи, во зависност од годишното време, може да се види само една страна. Откако ќе го пронајдете „W“, замислете си дека поставувате рамен послужавник преку врвот на „W“. Следно, поставете го послужавникот на 90 степени спротивно од движењето на стрелките на часовникот, да за покажува оддалечено од „W“. Почнете да гледате во тој дел од вечерното небо и ќе пронајдете ѕвезда. Тоа е ѕвездата Северница.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура