X
 11.08.2017 Култура

Македонската државна химна од денеска има четврт век


 
"Денес над Македонија се раѓа ново Сонце на слободата". На денешен ден, пред 25 години оваа песна е избрана за официјална химна на Република Македонија. Пратениците во македонското Собрание ја изгласаа на 41 седница на 11 август 1992 година.

Оваа песна и беше претходно беше химна и на Социјалистичка Република Македонија во рамките на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Автор на текстот е Владо Малески, а музиката е на Тодор Скаловски. Напишана е во 1941. Низ годините текстот претрпел неколку измени. Денес се познати три верзии.

Подготвил: В.И.И

Издвојуваме

Култура