X
 12.08.2017 Живот

Од интернет-сензација до најмлада милијардерка во Кина


Најмладата милијардерка од Кина со Бил Гејтс
(Фото: Instagram)


Жанг Зетиан, која е позната и под прекарот „Milk Tea Sister“, е прогласена за најмладата милијардерка во Кина има само 24 години. Таа е прва на листата на магазинот „Chinese New Fortune“.

Жанг во 2015 година се омажила за Ричард Лиу Киангдонг, основач и директор на кинескиот гигант за електронска трговија JD.com. Таа помогнала во развојот на компанијата така што активно ги промовирала модата и луксузните брендови на JD.com.

Интересно е дека Жанг прво го свртела вниманието кон себе. Имено, уште во 2009 година нејзината фотографија каде што држи чај станала вирална. Жанг тогаш била тинејџерка, и оттогаш го добила прекарот „Milk Tea Sister“.


На прв поглед фотографијата не е ништо посебно, најверојатно и не би ја забележале. Па тогаш, во што се крие тајната на нејзината виралност и популарност во Кина?

Едно од објаснувањата е дека таа била многу убава, учела во најпрестижното училиште, била талентирана и паметна, потекнувала од богато семејство... накратко – била популарна. За ширењето на фотографијата придонел и еден познат кинески онлајн-форум.

Таа глумела и во промотивното видео во 2014 година за летните Олимписки игри за млади во Нанјинг. Ги одбила понудените филмски улоги од страна на кинескиот режисер Жанг Јимоу, кој е творец на филмовите „Куќата на летечките ножеви“  и „Големиот ѕид“.

Продолжила да привлекува внимание на себе и кога се запишала на престижниот кинески универзитет „Тсингхуа“ во 2011 година. И понатаму била олицетворение на „успешност“.

Година дена поминала на размена на студенти на њујоршкиот колеџ „Барнард“. Тука го запознала својот иден сопруг – Лиу Киангдонг, кој е 19 години постар од неа. Тој, како основач на компанијата JP.com, е еден од главните конкуренти на гигантот „Алибаба“. Некои извори пишуваат дека тие двајцата немаат ништо заедничко – ниту според возраста ниту според социјалниот статус. Сепак, се чини дека и двајцата имаат добар нос за бизнис.

Двајцата долго време негирале дека се во врска, тврдејќи дека се само „колеги“, како што тврди магазинот „New fortune“. Лиу на списокот на најбогатите луѓе во Кина се наоѓа на 16. место. На светската листа се наоѓа на 174. место.

Тие се венчале во август 2015 година. Во март 2016 го добиле првото дете – ќеркичка. Неколку месеци подоцна инвестирале во австралиска компанија за производство на прихрана за бебиња.

Жанг и Лиу купиле 17,3 проценти удели во компанијата „Bubs Australia“. Ова не е единствената нивна инвестиција. Нивното деловно портфолио се состои од шест компании, вклучително и „Uber China“. Жанг е заслужна за успехот на JP.com затоа што помага во промоцијата на модната рубрика на страницата и бизнисот со луксузни стоки. Таа дури успеала и да се состане со модната легенда Ирис Апфел, во април оваа година.

Се дружи и со други влијателни луѓе, како Бил Гејтс, Дејвид Џонстон (генералниот гувернер на Канада) и Дејвид Бекам. Жанг само ова лето патувала во Париз, Кан, Калифорнија, Женева, Милано, Венеција и Кембриџ.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот