X
 13.08.2017 Образование

Нов вид на учење - Без оценки, брзање и неуспех

1
Фото: Sam Hodgson

Мал број на ученици имаат познавања во математиката како Мохиб Каид. Овој ученик од седмо одделение во средното училиште во Бруклин е прилично добар во математика.

„Можам да ја најдам областа и периметарот на полигон. Можам да решам математички проблем користејќи координатна рамнина. Ми треба време да станатм подобар во поделбата на повеќецифрени броеви, што значи дека треба да вежбам повеќе“, вели тој.

Мохиб е дел од новата програма која го предизвикува начинот на кој наставниците и учениците размислуваат за академските достигнувања, а негово училиште е едно од стотиците што се одлучи да отстапи од традиционалниот начин на оценување. Во училиштето во Бруклин учениците се охрабрени да се фокусираат на нивните вештини. Во ова училиште не постојат оценки. Учениците не се соочуваат со неуспех. Единствената цел е да го научат материјалот, порано или подоцна.

За учениците кои се борат со учењето, има доволно време да вежбаат додека не постигнат подобри резултати. За оние кои за брзо време сфаќаат, постои можност брзо да одат напред. Стратегиајта изгледа различно од училница во училница, а различен е и материјалот што учениците мора да го совладаат. Но генерално, учениците работат на свој начин, по сопствено темпо, преку работни листови, онлајн лекции и мали групни дискусии со наставниците. Тие често добиваат надградби за вештините што ги научиле и за оние што треба да ги стекнат.

Учењето базирано на усовршување, исто така познато како учење базирано на компетентност, е доста популарно низ Америка, па голем број училишта се одлучуваат за ваков вид на програма за учење.

Програмата стана популарна поради неколку фактори. Подемот на онлајн учењето ја забрза смената, а училишните добавувачи на технологијата се жестоки застапници.

2
Фото: Sam Hodgson

Учењето базирано на усовршувањето потекнува од 60-те години, кога Бенџамин Блум, професор на Универзитетот во Чикаго и образовен психолог, ги оспорил конвенционалните практики во училниците. Тој имал замислено поцелосен систем кој од учениците барал да демонстрираат учење пред да продолжат понатаму. Но стратегијата не била широко употребувана бидејќи била интензивна за наставниците.

Владината политика придонела за нејзино усвојување. Според законот за федерално образование усвоен во 2015 година, на државите им било дозволено да се откажат од единечните тестови. Во светот на учењето базирано на усовршување, ова во голема мера се гледа како позитивен потег.

Сепак, постојат критики насочени кон овој метод на учење.Елиот Солоуј, професор на Универзитетската школа за образование во Мичиген, тврди дека учениците учат полека градејќи знаење и повремено враќајќи се на истото. Тој ја отфрла идејата дека учениците учат нешто едноставно затоа што можат да поминат низ серија оценување. Тој се сомнева дека после усвојувањето на овие тестови, учениците го забораваат материјалот.

Но Мохиб го брани пристапот на неговото училиште. Тој смета дека методот ги охрабрува учениците да работат на она со кое се борат.

„Различно е за различни деца“, вели Мохиб.

Во однос на оценките, учениците се оценети според скала создадена од бои: црвеното значи дека ученикот сè уште не успеал да стигне до стандардот; жолто, се приближува; зелено го стигнал стандардот; и сина го надминува. Скалата е дизајнирана за да биде визуелно привлечна и да ги охрабрува учениците да го сметаат учењето како процес. За да стигне одредено ниво за секоја вештина, ученикот треба да докаже три пати дека успеал да ја усвои. Тоа може да го направи преку објаснување за процесот на работење низ проблемите или преку онлајн тест или квиз.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование