X
 14.08.2017 Живот

„Ако си ја сакате работата, посветете ѝ се - во спротивно потребен е голем напор за промена“

жена
Фото: Getty Images

По 20 години работа како високо платен физичар за истражување за „ДуПонт“, 50-годишната Џилијан Рејнолдс-Титко сметала дека токму оваа кариера ќе ја работи цел живот. Но на почетокот на 2016 година, во „ДуПонт“ се случиле неколку отпуштања, па Титко била меѓу луѓето што добиле отказ.

Така, Титко почнала да бара нова работа. Но наместо да го прифати она што ѝ било понудено прво, таа одлучила да почне отпочеток и да изгради сосема нова кариера: програмирање. Таа не знаела како да програмира, па затоа се пријавила на 12-неделен интензивен „буткамп“ со цел да научи.

„Поважно ми беше да пронајдам нешто што сакам да го работам отколку да работам нешто на што случајно ќе наидев“, вели таа.

Нејзината основа во математика и во наука била корисна, меѓутоа, нејзината огромна мотивација била таа што ја натерала да успее. „Ако можеш да размислуваш логично, можеш да научиш. Предизвикот беше дали можам да се држам до нешто и дали можам да го научам“, вели таа.

Откако го завршила интензивниот курс по кодирање, Титко добила работа како ИТ бизнис-аналитичар за „Џеј Пи Морган  Чејс“. Денес успешно ја работи својата работа и дава совет за сите што сакаат да го променат својот живот: „Видете дали нешто навистина сакате да го работите. Ако сакате, посветете се, бидејќи потребна е многу работа за да направите промена“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот