X
 14.08.2017 Образование

Битолскиот универзитет „Св.Климент Охридски“ ги отвора вратите за 4,095 студенти

rektorat

Утре започнуваат уписите на битолскиот универзитет „Св.Климент Охридски“ и ќе трае заклучно со 17 август.

Според конкурсот, во академската 2017/2018 година, на првиот циклус студии на УКЛО има вкупно 4,095 места. 2,255 се во државна квота, 950 со финансирање и 890 места се резервирани за вонредни студени.

Прелиминарната ранг листа ќе биде објавена на 21 август додека објавувањето за решение за прием на кандидатите ќе биде на 23 август. Студентите ќе може да се запишат веќе наредниот ден, на 24 август.

Од Ректоратот велат дека се подготвени за новите студенти.

УКЛО ќе спроведен уште два уписна рока. Вториот уписен рок ќе се одржи на 1 и 4 септември, додека третиот на 14 септември 2017 година.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование