X
 14.08.2017 Култура

Избрани шестмина колумнисти на Факултети.мк

Шестмина автори ентузијасти во пишувањето од септември ќе ги збогатуваат содржините на Факултети.мк. На наше огромно задоволство, дури седумдесет кандидати се пријавија на нашиот повик за колумнисти што беше отворен во јули. Тоа нѐ охрабри да направиме потесна селекција и да им дадеме шанса на младите да кажат гласно што мислат на теми што ги засегаат. Тројца новинари на Факултети.мк внимателно ги проследија сите пристигнати текстови и го направија потесниот избор.


Фото: Pixabay

Од септември, по еднаш неделно ќе можете да ги читате колумните на:

-Лилјана Пецова-Илиеска;
-Викторија Митевска;
-Наталија Тасевска;
-Дејан Јанчевски;
-Марија Грубор;
-Виктор Ефтимов.

Во наредните три месеци избраните автори ќе имаат можност да покажат што знаат на полето на пишувањето. На најдобриот колумнист Факултети.мк ќе му објави дело и ќе го промовира. Останатите колумнисти ќе можат да продолжат да творат, а нивните колумни, кои ќе ги читате на нашиот портал, ќе бидат објавени во печатено издание.

На сите останати им се заблагодаруваме на интересот и ги охрабруваме да продолжат да пишуваат.
Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура