X
 14.08.2017 Култура

Нови трејлери на филмови и серии што мора да ги погледнете

Погледнете 9 трејлери од нови филмови и серии што наскоро ќе бидат објавени:


1. „Мајка!“



Новиот филм на Дарен Аронофски е хорор во кој глумат Џенифер Лоренс и Хавиер Бардем. Филмот ќе има премиера на 15 септември.

2. „Круната“



Серија на „Нетфликс“ за младата кралица Елизабета, а сега се најавува и втора сезона, чии епизоди ќе почнат да се даваат на 8 декември.

3. „Двојката“



Меги Џиленхал и Џејмс Франко се ѕвездите на оваа серија во која се зборува за порноиндустријата во Њујорк во 70-тите и 80-тите, а ќе почне со емитување на 10 септември.

4. „Смртта на Сталин“



Филмот ќе има премиера на 20 октомври во Велика Британија и уште нема објавено датум за премиера во САД.

5. „Познат белец“



Се опишува искуството на Џејми Фокс во шоу-бизнисот. Серијата почнува на 15 октомври.

6. „Трофеј“



Фасцинантен документарец за врската помеѓу конзерваторите и големите ловци на игра. Премиера е на 8 септември.

7. „Предизвикот“



Визуелен портрет на богатство и екстраваганција, испитувајќи ја културата на мажите од Катар. Документарецот ќе се појави на 8 септември.

8. „Сакајќи го Винсент“



Уметнички слики изработени од сликарско масло, специфични дела од различни периоди на кариерата на Винсент ван Гог. Филмот ќе биде прикажан на 22 септември.

9. „Неповрзани“



Нова серија на креаторот на „Биг бенг теорија“, Чак Лори. Првата сезона ќе ја има на „Нетфликс“ на 25 август.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура