X
 15.08.2017 Живот

Ellesse: Разиграност на бои и енергија за уникатен лајфстајл

Во 1959 година Леонардо Серваџио ја основа компанијата Ellesse и започнува со дизајнирање на опрема за скијање. Тој, како италијански кројач и многу харизматична личност во Перуџа, Италија, се трудел да ги сруши границите помеѓу модата и спортот преку брендот на кој ги дал своите иницијали L и S, Ellesse.



Брендот на Леонардо е живописен и креиран со воочлив флерт помеѓу моделите, боите и стиловите. Целта на дизајните е да се избегне монотонијата на секојдневието и професионалните обврски. Дизајн втемелен врз основа на врвната италијанска премиса „Ако изгледаш добро, ќе се чувствуваш одлично“, Ellese ги комбинира уживањето во спортот и уживањето во стилот во нешто беспрекорно.

Колекцијата на Ellesse го задржува темелот на италијанските убедувања нудејќи софистициран стил и висококвалитетни материјали. Тие кои се секојдневно активни и се синоним на опуштеност, задоволство и самодоверба, се тие кои најмногу ќе се пронајдат во оваа линија. Разиграните бои и позитивната енергија кои доминираат во новата летна линија на Ellesse се создадени за уживање за време на претстојните летни авантури. Љубителите на елеганцијата и италијанскиот стил ќе го препознаат совршениот стил на безвременски модни линии и дезени создаден за прошетка во природа или град.

Сите оние кои сакаат да бидат уникатни ова лето, неодоливата Ellesse колекција во Македонија ќе ја најдат во сите Sport Vision мултибренд продавници.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот