X
 15.08.2017 Култура

„Игра на троновите“ - Еве што пишува во пораката на Бејлиш

Тензијата помеѓу сестрите Старк се загрева во „Игра на престолите“, а оној кој ја разгорува е Питр Бејлиш.

порака
Фото: Printscreen/Youtube

Литлфингр во третата епизода од оваа сезона - некогашниот маестер Лувин, чувал примерок од секоја порака што ја донеле гавраните. Веднаш се заинтересирал.

Сега излегува дека помеѓу пораките што ги чувал, се наоѓа примерок од писмото што Санса Старк му го напишала на својот брат Роб Старк уште во првата сезона. И Питр го остави онаму каде што знаел дека Арја ќе го пронајде.

Литлфингр беше присутен кога Серсеј Ланистер ја уцени Санса да испрати писмо до својот брат.

„Ако сакаш да го спасиш твојот татко, убеди го брат ти да го одржи мирот. Што ќе му се случи на твојот татко, зависи од твојот брат... и од тебе“, ѝ се обраќа Серсеј на Санса.

Ова е текстот на целата порака.

„Роб, ти пишувам со тешко срце. Нашиот добар крал Роберт е мртов, настрада од рана што ја доби во лов со диви свињи. Нашиот татко е обвинет за предавство. Се здружи со браќата на Роберт против мојот сакан Џофри и се обиде да му го одземе престолот.

Ланистер со мене се однесуваат добро и тие ми претставуваат голема утеха. Те проколнувам - дојди во Кингс Лендинг, заколни се на верност на кралот Џофри и спречи било каков раздор помеѓу големите куќи Ланистер и Старк“.

Планот на Бејлиш е да ја претстави Санса како некој кој претходно ги поддржувал Ланистер. Но веројатно е осуден на пропаст бидејќи Арја ја познава својата сестра. И да заборавила каква е Санса, има видовит брат што ќе ја потсети.

Еве што ќе гледаме во наредната епизода.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура