X
 15.08.2017 Технологија

Веб-страници со бесплатни курсеви за студенти

Во сегашно време постојат повеќе начини на кои може да се совладаат нови вештини, а за тоа нема подобро место од интернетот. Ова се 7 веб-страници на кои можете да посетувате бесплатни онлајн-курсеви и да се збогатите со вештини.


1. „edX“

Сте се запрашале ли некогаш како би било кога би студирале на „Харвард“ или МИТ? Со “edX“ можете да го сторите тоа. Оваа веб-страница е основана од двата универзитета за да се обезбеди глобален пристап кон квалитетно образование и поврзување на студентите од целиот свет. Можете да следите курсеви од над 1.300 предмети.

2. „Udacity

Оваа веб-страница нуди курсеви поврзани со софтвер инженеринг, развој на веб-страници, виртуелна реалност, анализа на податоци и слично. Курсевите се во соработка со успешни компании, како што се „Фејсбук, „Амазон“ и „Гугл“.

3. „Code Academy

На оваа веб-страница има курсеви и за почетници и за напредни ученици. Поделени во пет категории, преку курсевите ќе научите како да кодирате.

4. „Alison

800 бесплатни курсеви кои се креирани во партнерство со одлични институции од познати универзитети, како „Кембриџ“ и компании како „Мајкрософт“.

5. „Google: Digital Garage, Analytics Academy and Academy for Ads

Дигитален маркетинг и платформи за да научите како најдобро да ги искористите алатките на „Гугл“. Можете да добиете сертификат од „Гугл“ по завршувањето на секој од курсевите.

6. „Creative Line

На веб-страницата има пет канали каде што 24 часа, 7 дена во неделата има бесплатни часови во живо. Фотографија, видео, уметност и дизајн. Погледнете ја платформата и видете што се нуди.

7. „Khan Academy

Застапени се неколку предмети, но фокусот е на математиката.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија