X
 16.08.2017 Препорачани огласи

Оглас за вработување во Џонсон Мети: Машински Техничар во одржување (Maintenance Technician - Mechanical)

Реф.бр. 2017066
Оглас за работа :  Машински Техничар во одржување (Maintenance Technician - Mechanical)

Локација: ECT Macedonia

Еmission Control Technologies е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.

Џонсон Мети има потреба од Машински Техничар во одржување (Maintenance Technician - Mechanical) кој ќе му се придружи на нашиот тим за Одржување во фабриката за автокатализатори во Скопје.

Главни одговорности :     

-    Одржување на опремата од погонот за производство и останатата опрема која што го подржува работењето на погонот за производство, обезбедувајќи максимална ефикасност и минимално потрошено време
-    Извршување на сите доделени обврски правилно, во договорената временска рамка, со почитување на барањата за здравје и безбедност при работа
-    Справување со машински дефекти и превентивно одржување на опремата
-    Асистирање во одржувањето на сите системи во рамките на фабриката
-    Придонес за развој на одделот со иницирање на идеи за подобрување на ефикасноста/продуктивноста и безбедноста во сите работни области
-    Работа со останатите колеги на совладување проблеми во функционирањето на опремата, изнаоѓање и имплементирање на нови подобри технички решенија, и сл.

Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?


-    Задолжително средно образование (техничка струка) / Високо образование (Дипломиран машински инженер) би било предност
-    Пожелно е професионално искуство во оддел за машинско одржување
-    Техничко знаење и искуство во одржување пневматски системи и компоненти, хидраулични системи, горилници на земјен гас или нафта, одржување на мотори, пумпи, вентили, транспортери, мешалки
-    Способност за независно и тимско работење, ефикасно решавање проблеми под притисок со зададени рокови
-    Потребно е основно познавање на говорен и пишан англиски јазик како и MS Office пакет

Позицијата подразбира работа во три смени!

Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија на следнава e-mail адреса: mkjobs@matthey.com  Задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката, во спротивно Вашата апликација нема да биде разгледана.

Краен рок за аплицирање :  24 Август 2017

Џонсон Мети обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикепираност, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување
Активен до:    24.08.2017

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани огласи