X
 16.08.2017 Наука

Зошто НАСА ќе пушта балони со бактерии за време на замрачувањето на Сонцето?

Наредната недела Месечината комплетно ќе го попречи Сонцето во соларна еклипса, а тогаш повеќе од 50 балони од повеќе од 20 локации низ САД ќе го покријат небото. Камери ќе ја снимаат соларната еклипса, а ќе има и метални ознаки обложени со многу резистентна бактерија бидејќи НАСА сака да знае дали би опстанала на Марс.

фото извор: Montana State University

Што ќе се случува со бактериите кога ќе пристигнат на Марс, дали ќе мутираат или ќе умираат? Или, пак, ќе продолжат да живеат и да колонизираат и други светови? За да се добијат одговори на овие прашања, потребно е да се извршат експерименти на Земјата, а замрачувањето на Сонцето е одлична можност за тоа.

Горниот дел од стратосферата на Земјата е многу сличен со површината на Марс. Има температура од околу минус 37 степени, тенок воздух и е изложен на ултравиолетовите зраци од Сонцето. За време на замрачувањето, условите уште повеќе ќе станат како на Марс – температурата ќе се намалува, а Месечината ќе ги преземе ултравиолетовите зраци за поголема сличност со радијацијата на Црвената Планета.

Бактеријата што се испраќа е високо резистентна и не е штетна за луѓе и за средината. На денот на замрачувањето балоните ќе се пуштаат на секои 15 минути, ќе летаат околу 2 часа достигнувајќи ја стратосферата и потоа повеќето од нив ќе пукнат поради малиот воздушен притисок. Сето тоа ќе се следи преку GPS и ќе се анализира во НАСА. Ако некои од бактериите го преживеат овој лет, тогаш тоа можеби ќе значи дека бактериите ќе преживеат пат до Марс.

Испраќаме летала на други планети во потрага по вонземнски живот, па има смисла во тоа што сакаме да се осигуриме дека овие места се заштитени од бактериите на Земјата. Научниците што ќе работат на овој случај се надеваат дека експериментот ќе ги инспирира следните генерации на астробиолози и офицери за заштита на планетата.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука