X
 17.08.2017 Образование

Бруцошите најмногу го избираат Факултетот за компјутерски науки при Универзитетот "Св.Апостол Павле" во Охрид

Факултетите за компјутерски науки и инженерство и за информатички системи, визуелизација, мултимедијална и анимациска техника се најпровокативни за идните бруцоши на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид. На сите пет факултети се пријавиле 77 кандидати, a Универзитетот може во една година да прими 440.




На Факултетот за компјутерски науки и инженерство конкурирале 34 кандидати, а има место за уште 46. Во првите два дена од уписите на овој универзитет, на Факултетот за информатички системи, визуелизација, мултимедија и анимациска техника покажале интерес 21 потенцијални бруцоши. Најмал интерес има за Факултетот за информатички и комуникациски науки, каде се пријавиле петмина кандидати.

Од Универзитетот информираат дека се уште има слободни места на петте факултети, распоредени во десет различни студиски програми.  Слободни места има на програмите за: Компјутерски мрежи и безбедност; Машинска интелигенција и роботика; Дигитална бизнис информатика и Е-Влада, Е-Бизнис, Е-Култура.   
                                          
До утре до 15 часот ќе заврши првиот уписен рок. Вториот уписен рок ќе биде на 4 и 5 септември, а третиот  - 14 септември.       

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование