X
 17.08.2017 Препорачани огласи

Гимназија Нова вработува персонал за обезбедување




Оглас за вработување на персонал за обезбедување

Потенцијалниот кандидат треба да е организирана личност која е во можност да ги почитува и поддржува училишните политики во однос на безбедноста на училиштето. Од кандидатот се очекува да се придржува до одговорно и ефективно обезбедување на училишниот кампус.  Кандидатот за својата работа ќе одговара на координаторот за обезбедување и менаџерот на училишниот кампус, коишто се одговорни за безбедноста на училиштето. Пожелно е кандидатот да има претходно искуство на слично работно место.


Работни задолженија:
•    Извршување на обврски поврзани со безбедноста на училишниот кампус (во објектите и дворот) во две смени (дневна и ноќна), вклучително и работа за време на викенд.
•    Контрола на целиот автомобилски и пешачки сообраќај којшто минува низ училиштето,  со групна и индивидуална проверка на дозвола за пристап до училишниот кампус.
•    Поддршка на училишната администрација во извршување на административните обврски.
•    Учество на тренинзи (прва помош и заштита, безбедност и здравје при работа), како и координација на вежби за евакуација при пожар, земјотрес или други вонредни ситуации на ниво на целото училиште.
•    Поддршка на сите училишни настани, во и вон работно време, како што се спортски турнири, вечерни настани и претстави, како и активности за време на викенд.

Потребни квалификации:
•    Завршено минимум средно образование.
•    Пожелни се обуки од областа на обезбедување.
•    Добро познавање на англиски јазик, вклучително и пишување.
•    Препорака од претходен работодавач.
•    Препорачливи се 2 години работно искуство во обезбедување или слична област.

Заинтересираните кандидати треба да ги поднесат електронски (info@nova.edu.mk) следниве документи: CV, сертификат за завршено средно образование, други релевантни сертификати.
Краен рок за поднесување на документите е 25-ти август, 2016. Избраните кандидати ќе бидат известени и поканети на интервју.

Активен до:    25.08.2017

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани огласи