X
 17.08.2017 Образование

Околу 1.300 кандидати во првиот уписен рок на УГД

По трите дена од првиот уписен рок на УГД бројката на пријавени кандидати за запишување на некој од факултетите и академиите е во рамките на очекувањата и се движи околу 1.300. Истовремено, УГД продолжува со прием на документи и во наредните денови, а се работи и на подготовките за старт на новата академска година.



- Според првичните информации има повеќе од 1.300 пријавени кандидати, а УГД продолжува и во следните неколку денa со оние кандидати кои сакаат да ги достават своите документи во Штип, Струмица, Скопје, Кавадарци, Прилеп и останатите дисперзирани центри на Универзитетот. Факултетите кои работат на проверка на знаења и умеења, тоа се Музичката академија, Ликовната академија и Факултетот за образовни науки се координираат со пријавените кандидати и тие резултати ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден. Првичните резултати веќе се објавени и нема никакви забелешки од пријавените кандидати. 24 и 25 август е запишувањето на примените во првиот уписен рок, а она што може да се каже е дека Универзитетот веќе информира околу 50-тина странски студенти кои ќе ја следат наставата на македонски јазик преку Институтот за јазици, првата година ќе го изучуваат македонскиот јазик – изјави проректорот за настава, проф. д-р Кирил Барбареев.



Универзитетот и сите факултети веќе работат и на организација на наставата. Првиот академски час е предвиден за 18 септември во Центарот за култура, а се подготвува Водич за студирање, во кој сите нови студенти ќе можат да ги најдат сите најнеопходни првични информации, најважни за нив, со запознавање на УГД, на нивната студиска програма, нивниот факултет. Факултетите започнаа и со сите тековни обврски – испитните сесии, запишување на семестар, пласирање на што е можно повеќе информации за студентите и сѐ она што претставува тековна активност на Универзитетот. Редовната настава на УГД за сите студенти ќе започне во третата недела од септември, поточно од 20 септември.

Заинтересираните кандидати за запишување на факултетите и академиите на УГД ќе можат да поднесат документи и во наредните денови.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование