X
 17.08.2017 Образование

Почнаа уписите на УКИМ

Повеќе од 10.000 слободни места ги чекаат матурантите на најстариот Универзитет „Св Кирил и Методиј“, а аплицирањето за првиот уписен рок е денеска и утре. Идните студенти од утрово веќе почнаа да ги доставуваат документите до саканиот факултет.



Според Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии за оваа студиска година, слободни се 10.818 места од кои 5.865 се резервирани за редовни студенти(партиципација од 200 евра), 3.793 за редовни студенти (со кофинансирање со 400 евра) и 1.160 места за вонредни студенти(400 евра). Вториот уписен рок е на 4 септември, а третиот рок за пријавување е на 15 септември.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование