X
 18.08.2017 Живот

Какво време нѐ очекува есенва?

1
Фото: Accuweather

Приватната американска метеоролошка компанија „Accuweather“ објави сезонска прогноза за оваа есен во Европа.

Што се однесува до нашите краеви, се прогнозира прекинување на сушата во октомври и во ноември. Сушата што трае во поголемиот дел на Италија и на Балканот, според сезонската прогноза, би требало да продолжи и во раната есен, односно во септемвр,и кога и понатаму се очекуваат натпросечни температури и малку дожд. Октомври и ноември донесуваат дождливо време, па сушата би можела да биде прекината. Тоа особено ќе им ја олесни ситуацијата на земјоделците, кои веќе претрпеа голема штета од пролетниот мраз и летните топлотни бранови.

Но Јужна Италија и Грција очекуваат продолжување на топлото време и сушните услови. И Шпанија и Португалија очекуваат продолжување на сушните услови во текот на есента, а со тоа и понатаму ќе остане зголемениот ризик од шумски пожари кои во овие области веќе зедоа голем замав.

Западните и централните делови на континентот, односно областа од Франција, преку Германија до Полска, на почетокот на есента очекуваат период на стабилно и суво време. Се прогнозира дека поголемиот дел од септември температурите ќе бидат над просекот. Потоа во октомври се очекува дождливо време. Ноември во овие области треба да донесе врнежи околу или малку под просекот.

2
Фото: Accuweather

И подрачјето на Велика Британија и Ирска може да очекува потопол и посув септември. Потоа кон крајот на октомври или почетокот на ноември се очекуваат повеќе бури.

И подрачјето на Источна Европа (балтичките држави и Украина) може да очекува потопло и посуво време во текот на септември и октомври. Потоа во ноември се очекува значително постудено време со појава на првите снежни бури (Украина, Белорусија).
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот