X
 18.08.2017 Култура

НАСА бара предлози за порака што ќе ја испрати во вселената преку „Твитер“


Вселена и небесни тела
(Фото: NASA)


НАСА деновиве ќе ја прослави 40-годишнината откако ја лансира првата вселенска сонда „Војаџер 1“. Во четири десетлетија патување, „Војаџер 1“ испратил огромни количини важни научни податоци и генијални слики од Сончевиот Систем. По повод јубилејот, „Војаџер 1“ во вселената ќе однесе златна плоча на која има 115 фотографии, поздрави на 55 различни јазици, 90-минутна музика, како и 12-минутна монтажа на звуци од Земјата – од гласови на китови до звук од бакнеж. Намерата на НАСА е накратко таа плоча да ја претстави човечката раса при „евентуална средба со вонземјани“.

Но, сега НАСА има план да ја надополни златната плоча и со една порака од социјалните мрежи, па затоа објави јавен повик до корисниците на „Твитер“ да дадат предлог за кратка, мотивирачка порака која ќе биде избрана со јавно гласање. Пораката ќе биде испратена до „Војаџер“ на 5 септември, точно на 40-годишнината од неговото лансирање.

Иако можеби и очекувано, во НАСА се изненадени со пораките што ги добиле досега, а кои покажуваат дека луѓето и не се толку заинтересирани за истражување на вселената и за остварување позитивна комуникација со вонземски битија.

Иако некои корисници испраќаат инспиративни пораки, нивниот број е занемарлив во однос на оние што од „Војаџер“ бараат да им испрати слики со голотии, да им открие каде можат да набават дрога, да им каже каде се наоѓа наводната фотографија на Трамп со проститутка. Се разбира, има и сосема бесмислени пораки упатени до вонземјаните. На крај, сепак ќе биде прилично проблематично од купот глупости да се издвои онаа што достојно би нè претставила во вселената. А некои генијални пораки можете да ги погледнете подолу.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура