X
 18.08.2017 Вработување

Вработување во РЕПЛЕК ФАРМ со и без работно искуство

Друштвото за фармацевтско хемиски производи РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ СКОПЈЕ, бара да назначи извршители за следната позиција:

ОПЕРАТОР НА МАШИНА во Сектор производство (2 извршители) со и без работно искуство

Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци, со можност за продолжување.

Кандидат треба да има:
Завршено средна стручна спрема - IV степен: (фармацевтско, медицинско, хемиско училиште или друга средна стручна спрема);
Мотивација за работа во висококонкурентна средина
Одлични способности за комуникација и за тимска работа
Професионалност во работењето

Работното време е во две смени по потреба се работи во три смени).
I смена од 07. 30 - 15. 00 часот,
II смена од 14. 30 - 22. 00 часот,
III смена од 22. 00 - 06. 00 часот.

Работното време во текот на неделата изнесува 40 часа.
Компанијата нуди работно место во висина на плата не помалку од 18. 700, 00 денари.

Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате бараните услови за позицијата, Ве молиме да ги доставите следните документи:

Кратка биографија (CV) со Ваш телефон за контакт
Фотокопија од диплома
Доказ за работно искуство (Листа за стаж од ПИОМ)
на следната адреса:
РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ Скопје, ул. Козле 1 88 - 1 000 Скопје
Огласот трае заклучно со 27. 8. 2017 година.
Изборот се врши по пат на лично интервју и тестирање во рок од 45 дена.
Телефон за контакт (02) 3088780
Активен до:    27.08.2017

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Вработување