X
 19.08.2017 Култура

Од 120 до 740 евра: Која земја троши најмногу пари за патувањe?

Граѓаните на Луксембург трошат најмногу пари за патување - во просек 740 евра по личност, во споредба со останатите земји во ЕУ, покажува истражувањето на „Еуростат“.

патување
Фото: Thinkstock

После нив се граѓаните на Австрија кои за време на одморите, за патувања трошат околу 610 евра, а потоа се Малтежаните кои за патување и трошоци во просек издвојуваат 590 евра.

Земјите кои најмалку трошат се Романија и Летонија со околу 116 евра трошоци, а после нив се Чешка и Унгарија - помеѓу 120 и 130 евра.

Податоците од „Еуростат“ покажуваат дека Шведска, Словенија, Словачка, Хрватска и Грција трошат околу 200 до 300 евра по личност за патување, а помеѓу 300 и 400 евра трошат Данците, Французите, Италијанците, Холанѓаните и Финците.

Повеќе од 400 евра трошат Германците, Ирците, Кипраните, повеќе од 500 евра трошат Белгијците и Малтежаните, а над 500 евра трошат жителите на Австрија и Луксембург.

Во просек, во ЕУ за патување се трошат 320 евра.

patuvanje
Фото: Eurostat
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура