X
 21.08.2017 Технологија

Ова се најпопуларните телефони на светот


Смартфон
(Фото: Thinkstock)


Компанијата Strategy Analytics објави информација од најновото истражување за состојбата на пазарот на паметните телефони и продажбата на светско ниво, односно за популарноста на мобилните уреди.

Се работи за податоци за вториот квартал од оваа година, односно за периодот меѓу април и јуни, па не е тешко да се заклучи кои се најпопуларните, односно најпродаваните телефони на светот –  ајфонот и Ес-8, односно Ес-8+ на „Самсунг“.

Најпопуларен телефон секако е ајфонот на „Епл“ – „седумката“ е продадена во речиси 17 милиони примероци, со што на овој смартфон-модел му припаѓаат 4,7 проценти од целиот пазар, додека  поголемиот модел на „седумката“ е вториот најпродаван модел на светот. Испораката на ајфон 7+ во овој период покриваше 4,2 проценти од вкупната продажба, односно продадени се 15,1 милиони примероци.

Најпопуларен Андроид на светот во вториот квартал, се разбира, бил галакси Ес-8 на „Самсунг“ со продадени над 10 милиони примероци, што значи 2,8 проценти од продажбата, додека бројот на испораки на моделот Ес-8+ достигнал 9 милиони. На петтото место на оваа листа се наоѓа смартфонот на „Шоми“ (Xiaomi) модел редми 4A со 5,5 милиони продадени примероци.

Во текот на овој тримесечен период се продадени над 360 милиони паметни телефони, а ќe биде интересно да се видат листите на најпопуларните телефони за третиот, и особено за четвртиот квартал од годинава, кога ќе почне продажбата на новиот модел на самсунг галакси ноут, новите модели на ајфон, нокиа 8, новиот модел Ви-30 на Ел-џи, и паметните телефони пиксел 2 на „Гугл“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија