X
 22.08.2017 Наука

Науката во популарната серија „Игра на троновите“

На фановите им е тешко да поверуваат дека последната сезона на популарната серија „Игра на троновите“ се приближува кон крајот.

фото извор: pg.ign.com

Во текот на седумте сезони серијата остави огромен белег, и тоа не само на поп-културата. Содржи референци за секој аспект од животот, меѓу кои и политиката и науката. Кога сме кај науката, ова се неколкуте начини на кои серијата и науката биле поврзани:

1. Игра на калапи

Серијата стана вистинска икона уште кога ја имаше својата премиера во 2011 година. Вклучувајќи тродимензионална мапа на Вестерос со движечки делови слични на инструмент кој порано се користел за астролошки мерења, секвенцијата се одвива околу различни локации од целосниот фиктивен свет и се менува во зависност од тематиката на секоја епизода.

2. Игра на математика

Многу ликови, смрт, пресврти и борба за превласт. За сето тоа е потребен комплексен математички алгоритам за да се одреди веројатноста кој е всушност главниот лик во серијата. Тоа некои математичари и го сториле. Користеле мрежна наука за да ја откријат истакнатоста на секој лик од третата книга. На врвот се најде Тирион.

3. Игра на патување низ времето

Во шестата сезона сценариото за патување низ времето збуни многу умови. Шон Керол, теоретски физичар, се обидел да објасни како моќите на Брен му овозможиле да биде во две времиња истовремено.
„Тој е во минатото со младиот Ходор и некако има поврзаност помеѓу младиот Ходор и Ходор во сегашноста“, вели Керол, пред да признае дека целото сценарио е „лудница“. Сепак, се отвори забавна дискусија за различните типови каузални јамки што може да ги има во фиктивните универзуми кога се зборува за патување низ времето.

4. Игра на срцеви отчукувања


Информации можат да се соберат и од огромниот број гледачи што се „залепени“ за екраните во своите домови.

Неодамнешна студија покажала дека не се сексуалните и насилните сцени оние што предизвикуваат забрзано чукање на срцето кај гледачите, туку највозбудливите сцени вклучуваат дијалог, а не акција.

5. Игра на остроумност

Приказната главно се развива околу тоа кој ќе седне на тронот, што ја прави и психолошка битка, а не само физичка. Не е доволно само да се има пари или моќ, кога се работи за ментални игри, психолозите истакнуваат дека постои една клучна особина која може да ве одведе напред не само во Вестерос туку и во реалниот живот. Според нив, сè се сведува на самоконтрола, најважниот ментален ресурс за сите ликови.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука