X
 23.08.2017 Живот

Моќта на учењето филозофија во затвор

Филозофијата често се гледа како таинствена академска дисциплина, во споредба со другите области, особено поради апстрактните концепти и неразбирливите јазични изрази. Се смета за практика која дејствува како медитацијата или јогата, или техника за себеспознавање, самоконтрола, мудрост и остварување врска со другите.


Голем број мислители сметале дека филозофијата е важна за секојдневниот живот. На секој континент се развивала различна форма на филозофија. Многу едукатори и учители се обидуваат да истраат и надвор од академското значење на оваа област, сакајќи да посегнат не само по обичните граѓани туку и по оние што имаат многу малку образовни ресурси за да пристапат кон филозофското размислување.



Има многу примери и на влијателни мислители кои пишувале од затвор: Оскар Вајлд, Мартин Лутер Кинг и други. Со тоа можеби се создале читатели кои никогаш не биле затворени, со трагични, но и романтични идеи за филозофијата. Но, филозофите кои влегуваат во затвор за да работат со обвинети и осудени луѓе не можат да си дозволат да имаат романтични идеи.

Филозофот Алан Смит предавал во затвори 14 години, па го споделил своето искуство со јавноста. Кога се пензионирал во 2013 година, истакнал дека доколку продолжел да предава во затвор, сè би било поразлично, односно би признал дека бил во затвор – би се чувствувал „прегорено“ на крајот. Но, тој не го изгубил чувството за етичка цел.

Условите за предавање во затворите се поразлични од оние во класичните училници. Сепак, филозофите им помагаат на затворениците да откријат нови вистини за себе и за своето општество. Како што вели филозофот Дејмон Хоровиц: „Сите имаат мислење. Тука сме за знаење. Нашиот непријател е немислењето“. Во видеата можете да ги слушнете искуствата на филозофите.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот