X
 25.08.2017 Наука

Повеќето земји во светот ќе добиваат енергија од обновливи извори до 2050 година

Речиси три четвртини од земјите во светот ќе имаат енергија само од обновливи извори до 2050 година.

фото извор: Karsten Würth/Unsplash

Ова е амбициозно предвидување на нов патоказ за 2050 кој пресметува поместување кон иднина ослободена од емисии на гасови, па со сето тоа би се креирале и нови работни места, би се намалиле трошоците за здравје и клима, а би се помогнало и во спасување на планетата од глобално затоплување.

Пресметките ги направиле 30 научници кои имаат задача да ги анализираат способностите на 139 земји кои би транзитирале на 100% енергија што произлегува од ветер, вода и сонце, во наредните 3 децении. Тие сметаат дека придобивките од тоа се големи и би требало што побрзо земјите да работат на планот за снабдување со енергија преку овие обновливи извори. Особено е важно да се спроведе ваквиот начин на снабдување со енергија и поради намалената емисија на фосилни горива кои ја загадуваат атмосферата, што ќе следува како придобивка. Со тоа ќе се намали и бројот на смртни случаи кои произлегуваат од загаденоста на воздухот. Друга позитивна карактеристика би било и спречувањето на понатамошно зголемување на глобалните температури.

Експертите велат дека по спроведените анализи во само 50 земји во САД, заклучиле дека има доволно ресурси за земјите да се снабдуваат со енергија преку обновливи извори. Како следен чекор, научниците планираат да креираат патокази за индивидуални градови, кои би можеле да функционираат со комплетна обновлива енергија. Во некои градови во светот тоа веќе и се спроведува. Има уште многу работа за поголемиот број од земјите во светот да бидат целосно снабдувани со енергија од обновливи извори, но ваквите анализи се голем чекор напред во применување на ваквата практика.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука