X
 25.08.2017 Технологија

Револуција во технологијата: Кажете им збогум на празните батерии

Без разлика дали станува збор за паметен телефон, таблет, е-книга или е-цигара - празната батерија предизвикува дупка во вашата функционалност во овој наш дигитален свет.

телефон
Фото: Getty Images

Меѓутоа, ова наскоро може да не претставува никаков проблем бидејќи новиот материјал создаден од научниците теоретски би ни овозможил да ги полниме батериите од телефоните во рок од неколку секунди.

Истражувачите од Универзитетот „Дрексел“ ги комбинирале својствата на традиционалните батерии што имаат големи капацитети за складирање со суперкапацитор, што не треба многу да се напојува, а ослободува енергија.

Истражувачите формирале рамен материјал наречен „МXene“, кој има слоеви нагоре што му даваат добра поврзаност. Оваа структура им отежнува на јоните, кои го носат полнежот да дифузира низ батеријата.

Би можеле да се создадат батерии исто толку моќни како суперкапациторите и на телефоните и на другите уреди да им се обезбеди брз прилив на енергија.

„Во традиционалните батерии и суперкапациторите, јоните поминуваат тежок пат кон складирањето за полнење, па така се забавува сè и се создава ситуација каде што мал број јони всушност пристигнуваат до својата дестинација со брзи стапки на полнење. Ова го отвора патот за развој на ултрабрзински уреди за складирање енергија што можат да бидат полнети и празнети во период од неколку секунди, но можат да складираат повеќе енергија од конвенционалните суперкапацитори“, вели водечкиот истражувач Јури Гогоци.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија