X
 26.08.2017 Култура

Џорџ Орвел: „Непријателот е грамофонскиот ум, без разлика дали човек се согласува со песната што свири во моментов“

orvel

Во 1937 година, Џорџ Орвел ја добил идејата за неговата класична дистописка алегорија што ја истражува жестоката диктатура на Советска Русија со сатирична приказна што го евоцираше режимот на Сталин. Во неговиот есеј „Зошто пишувам“ напишан од 1946 година, Орвел забележува дека ова е неговиот прв свесен напор да ги спои политичката и уметничката цел во една целина. Но кога тој го завршил шест години подоцна, во средината на Втората светска војна и непосредно пред почетокот на Студената војна, анти-советската порака на книгата претставувала очигледен предизвик во политички претпазлива Британија. Ракописот бил одбиен од четири главни издавачки куќи, вклучувајќи го и издавачот на Орвел.

Можеби уште поинтересно од самата книга, е jасновидниот есеј со наслов „Слобода на печатот“, што Орвел го навел како предговор на книгата, што се однесува на глобалните медиумски скандали, цензурата и надзорот на владата.

Орвел започнува со извадок од писмо од издавачот од Министерството за информации кој првично се согласил да ја објави книгата, но подоцна одбил.

Ја споменав реакцијата што ја имав од еден важен службеник во Министерството за информации во врска со „Животинска фарма“. Морам да признаам дека ова изразување на мислењето сериозно ме замисли... сега можам да видам дека може да се смета за нешто за кое било советувано да не се објави во сегашно време. Ако приказната била општоприфатена од диктаторите и диктаторството, тогаш објавувањето би било во ред, меѓутоа приказната го следи напредокот на СССР и нивните двајца диктатори. Друга работа: би било помалку навредливо ако доминантната каста во приказната не беа свињите. Мислам дека изборот на свињите како владејачка каста без сомнеж ќе ги навреди луѓето, а особено ако некој е „нежен“, како што се Русите“.

Забележувајќи ја општата закана од таквото мешање на владата во приватниот сектор за објавување и како резултат на цензурата, Орвел вели:

Главната опасност за слободата на мислата и говорот во овој момент не е директното мешање на... некое официјално тело. Ако издавачите и уредниците се обидуваат да чуваат одредени теми да не бидат испечатени, тоа не е затоа што се плашат од гонење, туку затоа што се плашат од јавното мислење. Во оваа земја интелектуалниот кукавичлук е најлошиот пријател со кој мора да се соочи писателот или новинарот... Koбниот факт за книжевната цензура во Англија е тоа што во голема мера е доброволен“.

Сликата што ја прикажува за печатот и неговата врска со несогласувањето и јавното мислење е злобно слична со она што Галилеј се соочил со католичката црква речиси половина милениум порано:

„Непопуларните идеи можат да бидат замолчени, а непријатните факти може да се чуваат во тајност, без потреба од било каква официјална забрана. Секој што живеел долго или во странство ќе знае за случаи на сензационални елементи на вестите - работи на кои по сопствена основа би ги добиле големите наслови, меѓутоа не се објавувани, не затоа што интервенирала владата, туку затоа што постои договор за премолчување. Што се однесува до дневните весници, ова е лесно да се разбере. Британскиот печат е крајно централизиран, а повеќето од нив се во сопственост на богати мажи кои имаат мотив да бидат нечесни за одредени важни теми. Но ист вид на прекриена цензура функционира и во книгите и периодичните изданија како и во претставите, филмовите и радиото. Во секој даден момент постои ортодоксија, тело на идеи за кое се претпоставува дека сите луѓе ќе го прифатат без прашање“.

Орвел ги критикува групните размислувања на интелигенцијата и моралниот релативизам што се користи кога се соочени со прашањето дали треба да се објави „Животинска фарма“.

„Реакцијата кон повеќето англиски интелектуалци е прилично едноставна: „Не треба да биде објавена“. Природно, оние рецензенти кои ја разбираат уметноста на деградирањето нема да ја нападнат од политички причини, туку од книжевни. Тие ќе речат дека е досадна, глупава книга и срамно трошење на хартија. Можеби е вистина, но очигледно ова не е целосната приказна. Човек не вели дека книгата „не треба да биде објавена“ само затоа што е лоша книга - впрочем, секој ден се објавуваат многу ѓубриња и тоа на никој не му пречи. Англиската интелигенција, или поголемиот дел од неа, ќе ѝ се спротистават на книгата бидејќи нивниот Лидер им штети на напредокот“.

Но неговата најдобра точка е завршната:

„За да се размени една ортодоксија за друга не е потребен напредок. Непријателот е грамофонскиот ум, без разлика на тоа дали се согласува или не се согласува со музиката што свири во моментов“.

На 17 август, 1945 година, „Животинска фарма“ била конечно објавена и подоцна продадена во милиони примероци и преведена на повеќе од 70 јазици.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура