X
 27.08.2017 Култура

Прашања на кои треба да даде одговор финалето на „Игра на троновите“

1
Фото: НВО

Финалето на „Игра на тронови“ е утре, и сигурно ќе биде полно со крвопролевање и масакр, а можеби и примеси на инцестуозна романса. Со ледените зомби и врските што фановите едвај чекаат да процветаат, се движиме кон финалето со доста теми и прашања што чекаат одговор. Ова се прашањата за кои се надеваме дека ќе добиеме одговор во епското финале.

1. Дали Брен конечно ќе направи нешто корисно?

Иако Брен не доби доволно време во седмата сезона, станува и повеќе од очигледно дека тој игра клучна улога против армијата на мртвите и во откривањето на клучните информации за ликовите. Негвата способност да патува низ времето во телата на другите луѓе му овозможи да научи многу работи за Белите шетачи, родителите на Трон и да ја открие приказната за Ходор. Во разговор со Санса во третата епизода, тој ѝ рече дека никогаш не може да биде Лорд на Винтерфел. „Морам да научам да гледам подобро. Кога повторно ќе дојде долгата ноќ, треба да бидам подготвен“. Дали тој ги подобрува неговите вештини за да може да влезе во Ноќниот крал или зомби змејот Висерион, завршувајќи ја војната пред да дојде долгата ноќ?

Постои и теорија дека Брен е Ноќниот крал. Триокиот гавран и Џоџен го предупредија Брен дека ако остане на едно место премногу долго, може да заглави. Дали ова е причината зошто Ноќниот крал го остави да избега Џон во Хардхом - бидејќи тој би Брен, гледајќи член од неговото семејство после неколку милениуми? Дали сето ова е збунувачка временска дупка што ќе се затвори кога Џон ќе го убие Ноќниот крал, кој всушност е Брен пред илјадници години? Ова може да го објасни и фактот што Брен рече: „Морам да разговарам со Џон“. Можеби ќе се обиде да му каже да го убие Ноќниот крал и да ја прекине војната, жртвувајќи се себеси во процесот. Ова изгледа како поважен дел отколку вистинското потекло на Џон.

2
Фото: НВО

Освен војната, Брен исто така може да се покаже како корисен во расправијата меѓу Арја и Санса. Тој веќе ѝ кажа на Санса дека знае се за нејзината прва брачна ноќ, откривајќи дека тој навистина знае сè. Така, тој може да им каже на Арја и Санса за вистинските намери на Бејлиш.

2. Дали Денерис повторно може да роди?

Во претпоследната епизода од седмата сезона, Денерис му кажува на Џон дека змејовите се единствените деца што таа некогаш ќе ги има. Таа верува во ова бидејќи во првата сезона таа му носеше син на Кал Дрого, но бебето беше мртвородено со крилја слични на гуштер. Во тоа време, се сметало дека животот на детето бил даден како жртва како дел од крвниот ритуал со цел да се спаси животот на Дрого.

3
Фото: НВО

Во книгите, на Дени ѝ било кажано дека нејзината утроба е проколната - но серијата конкретно ги изостави овие детали. Дали тоа е направено намерно или не, останува да откриеме.

3. Дали Арја и Санса ќе се смират или ќе војуваат?


Благодарение на манипулациите на Бејлиш, Арја и Санса не се во многу добри односи. Знаеме дека тренингот на Арја во Домот на црното и белото во Бравос ѝ помогна да стане одличен шпион. Таа го следи Бејлиш откако се врати во Винтерфел, но дали само за да открие дека тој намерно планира да направи раздор меѓу сестрите?

3
Фото: НВО

Во шестата епизода, Бејлиш ѝ предложи на Санса да ја искористи Бриен од Тарт како оружје за заштита од Арја. Ова можеби е моментот кога Санса сфаќа дека Бејлиш планира нешто. Знаеме дека таа ги знае неговите манипулации, дури и го предупредува Брен: „Тој нема да ти даде ништо, освен ако не мисли дека ќе добие нешто назад“.

Но Бејлиш веќе засади сомнежи кај Санса, па така таа отиде да види што има во собата на Арја. Таму ја пронајде торбата со лица, што доведе до најнепријатната и најагресивната реакција што ја имаме видено меѓу сестрите. Некои ова го гледаат како директна закана, додека други сметаат дека Арја ѝ сигнализира на Санса дека може да ѝ помогне, без директно да го спомене Бејлиш. Зошто? Бидејќи Арја знае дека тој има очи и уши насекаде.

Би било глупаво ако двете сестри се убијат. Тие се Старк. Подобра е теоријата дека Арја ќе го убие Бејлиш и ќе го додаде неговото лице во нејзината колекција за да може да ѝ помогне на Санса.

4. Што ќе се случи со семејството Грејџој?

6
Фото: НВО

Очигледно е дека Тион нема да добие добар крај. Некои луѓе сочувствуваат со него поради неговото малтретирање од страна на Ремзи, додека други едвај чекаат да умре бидејќи во втората сезона го предаде Роб Старк. Згора на тоа, не направи ништо кога неговиот чичко ја грабна неговата сестра Јара.

Во тизерот за финалната епизода го гледаме како тој паѓа на колена. Се чини дека повеќе е емоционален колапс отколку физички. Дали е можно Јара да е мртва? Дали тој ќе ја спаси од Јурон, ќе го убие и метафорички ќе ја потврди неговата машкост?

5. Дали конечно ќе има двобој меѓу Клегејнови?

7
Фото: НВО

Ова е едно од најочекуваните моменти во „Игра на тронови“. Трпеливо чекаме скоро седум сезони да ги видиме двајцата браќа во борба. Во тизерот за седмата епизода го гледаме Клегејн до Серсеј. Додека Загарот последно го видовме со Џон Сноу.

Искрено се надеваме на оваа епска борба.

6. Дали некој ќе открие кои се родителите на Џон Сноу?

Претходно оваа сезона Семвел Тарли се обиде да ги убеди архимајстерите од Цитадел дека армијата на мртвите е реална. Откако неговата загриженост беше отфрлена, Сем се врати дома. Додека читаше, тој стана сведок на еден од најважните моменти во историјата на „Игра на тронови“. Џили наиде на зборот „поништување“, во еден од дневниците и го замоли Сем да го дефинира. Тој фрустрирачки ѝ објасни дека зборот значи прекинување на бракот.

7
Фото: НВО

Таа продолжи да чита: „Мејнард тука вели дека издал поништување за принцот Регар и го преженил со некоја друга за време на тајна церемонија во Дорн“.

Знаеме дека Џон Сноу е син на Лијана Старк и Регар Таргариен, постариот брат на Денерис. Со тоа што Брен знае кои се родителите на Џон, и доказите на Сем дека Регар се оженил со Лијана, прашањето не е дали Џон ќе ја дознае вистината. Прашањето е кога и кој ќе му каже.

7. Што планираат Мелисандра и Варис?

Во третата епизода од седмата сезона, Мелисандра изразува вина поради нејзините минати злосторства. Потоа таа исчезна, велејќи дека не треба да го прикаже своето лице во Вестерос. Но, на Варис му рече дека ќе мора да се врати во Вестерост и да умре - исто како него.

8
Фото: НВО

И двајцата ликови се наклонети кон оној што ќе стане владетел на Вестерос, без разлика дали станува збор за Серсеј, Денерис или некој друг. Но и двајцата се долгорочни стратези со бескрајни махинации во игра. Знаејќи ги двајцата, тие веројатно имаат странични заговори.

8. Дали сите делови од пророштвото на Серсеј ќе бидат исполнети?

9
Фото: НВО

Џорџ Р.Р. Мартин уште не ги има завршено книгите, но остави доволно навестувања за сценаристите на серијата да работат - сите тие се во форма на пророштва и визии. Едно од тие пророштва ѝ беше кажано и на Серсеј во петтата сезона. Маги ѝ кажа дека помлада, поубава кралица ќе седне на тронот, и дека сите нејзини деца ќе бидат погребани во златни прекривки. Веќе видовме неколку пророштва исполнети, вклучувајќи ја и смртта на нејзините три деца. Но сега Серсеј вели дека е бремена. Дали тоа значи дека ќе умре пред да се роди детето или лаже за нејзината бременост?

9. Дали нашите омилени (речиси) двојки конечно ќе бидат заедно?

10
Фото: НВО

Настрана од инцестуозната страст помеѓу Серсеј и Џејми, немаме видено многу романтика во серијата. Во оваа фаза, двете најголеми романси се со знак прашалник: Денерис и Џон, и Тормонд и Бриен.

Оваа сезона изобилува со напнатост и очекувања за романсата меѓу Денерис и Џон. Постојат неколку работи што укажуваат на тоа дека Џон можеби ќе има наследство - се сеќавате на „благословот“ на Џора кога официјално му го предаде ножот на Џон велејќи му: „Го загубив правото да го барам овој меч. Твој е. Може да ти служи тебе и на твоите деца после тебе“. Дали ова е навестување дека Џон ќе има деца со Дени?

11

Следна е романсата меѓу Тормунд и Бриен. Малите моменти помеѓу овие двајца се вистинска радост.  На Бриен речиси ѝ се гади од Тормунд, но тој е упорен. Што ќе се случи меѓу нив, останува да видиме.

10. Дали Арја ќе се сретне повторно со Гендри?

12
Фото: НВО


Арја и Гендри се запознаа во втората сезона, кога Арја беше во бегство, но ликовите не се имаат сретнато од тогаш. Би било одлично доколку овие двајца повторно се најдат.

11. Дали Арја ќе ги убие сите од нејзината листа?

11
Фото: НВО


Иако долго време Арја ги нема споменато имињата од листата, таа ѝ кажа за листата на Санса токму оваа сезона. Кој уште останува да го убие? Серсеј Ланистер е главната цел, после е Планината, Црвената Жена, Берик Дондарион и Илин Пејн кој го уби таткото на Арја.

12. Дали Серсеј ќе стане Лудата кралица?

12
Фото: НВО


Без разлика дали ја сакате или не, Серсеј е доста интелигентен негативец. Откако таа ги донесе на едно место сите нејзини непријатели и ги уби, знаеме на што е подготвена. Што ќе се случи сега, кога сите непријатели повторно треба да се сретнат?

Бонус неодговорени прашања:

13
Фото: НВО


- Дали Ед Ширан повторно ќе се појави? Не го видовме многу, освен што пееше песна од книгите и ја запозна Арја.

- Дали Тиен Сенд е мртва и што ќе се случи со Еларија Сенд? Последно ги видовме во занданата на Серсеј кога Серсеј ја бакна и ја отру Тиен, како одмазда за смртта на нејзината ќерка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура