X
 28.08.2017 Економија

Колку пари треба да имам до моментот кога ќе наполнам 30 години?

пари
Фото: Getty Images

Ели само што наполни 29 години, но во однос на парите, чувствува како да има 22 години. Се чини дека уште долго време ќе биде заглавена во долговите од факултет. Нејзината работа во музејот за уметност во Менхетен - работа што ѝ носи заработувачка малку повеќе од 70,000 долари годишно - доволно за да го плаќа заемот, кирија во Бруклин и по некоја забавна работа за време на викендите, но таа не штеди ништо. Отсекогаш ѝ се чинеше дека нејзините врсници се на исто ниво, со студентски кредити и креативни работни места што не даваат висока плата, меѓутоа сега ѝ се чини дека сите се зафркнати. Мислеше дека ќе ѝ биде подобро на 30 години - барем со заштеда. Колку е далеку од просекот? Каде треба да биде, финансиски зборувано, и што може да стори за да стигне таму?

„Кога имав 25 години си имав поставено небулозна цел - да имам работа со која ќе заработувам плата со шест цифри, до моментот кога ќе наполнам 30 години. Не дека се случува нешто посебно на 30 години - едноставно ми текна бројката. Кога роденденот доаѓаше, не бев изненадена дека не бе ни близу. Уште поважно, имав добра работа, и се сеќавав на размислувањата на 25 годишната јас и како тогаш не ја зедов во предвид траекторијата во кариерата кога размислував за таа плата. Но често така изгледаат нашите 30-ти, кога сме во нашите 20-ти: репер на зрелост кога работите магично започнуваат да си се редат во место или пак треба да се во место.

Постојат цели веб-страници посветени на розеви портрети на финансиската состојба на една 30 годишна личност. Идеалното сценарио обично вклучува добро платен фонд за итни случаи или добра заштеда.

Овие златни стандарди не само што не се реални, туку и премногу униформирани. Еден од моите пријатели должеше 250,000 долари за медицинско училиште, но сега заработува 800 долари на час како доктор во ургентен центар. Друг планираше да отвори бизнис на 29 години, но го одложи поради неочекуван здравствен проблем што ја погоди негвата заштеда на 28 години. Дали би им држеле лекција на било кој од овие двајца за нивниот недостаток на заштеда на 30 години?“

„Наместо да се грижите за бројките и заработката, потребно е да си поставите цели за позитивни финансиски навики“, вели Бари Теслер, финансиски терапевт и автор на „Уметноста на парите“.

„Едно нешто што е од суштинско значење што треба да го научите во вашите 20-ти е книговодствениот систем“, вели таа.

Доколку сакате повеќе технички упатства, Сали Краучек, поранешен извршен директор на „Елвест“, онлајн инвестициска платформа за жени, го предлага 50/30/20 правилото.

„Поделета ја платата така што 50% ќе одат на 'потребите', 30% на 'желбите' бидејќи треба да се забавувате, а потоа 20% одат на заштедата и инвестирањето“, предлага таа. Распределувањето на 20% ќе се промени со текот на времето, во зависност од вашите потреби и цели. Ако имате долг, тогаш вашиот приоритет би бил да се ослободите од него.

Споредбата на себеси со другите е неизбежна. Веројатно е примамливо да прочитате за тоа колку се успешни другите луѓе на ваши години, бидејќи луѓето сакаат да се оценат себеси во однос на другите. Всушност, истражувањата покажуваат дека луѓето се чувствуваат побогати кога нивните соседи имаат помалку отколку што имаат тие.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија