X
 28.08.2017 Наука

Внатрешноста на глобалната соба за „Судниот ден“ во Норвешка

Архивата на семиња која се наоѓа во Свалбард, Норвешка, од секогаш предизвикувала воодушевување. Во неа има се: светски богатства, документи, семиња од различни видови растенија и опции за судниот ден. Морничавата градба се наоѓа во смрзната тундра, но никогаш не било објавено како изгледа внатре. Од „Motherboard“ објавиле видео во кое се открива токму тоа.

фото извор: curiosity.com

Местото уште се нарекува „Ноевата арка за диверзитет на растенија“ или „најважната соба на светот“. Тоа име го добива затоа што е можеби последната човекова надеж, доколку се случи глобална катастрофа и се избришат сите витални нешта од планетата. Освен за зачувување на семињата доколку дојде до истребување, собата служи и за подобрување на животот на растенијата кој постои и сега. Генетските истражувачи на ова место врпат анализи на илјадници видови растенија и природни производи, па идентификуваат делови од нивните генетски кодови кои им овозможуваат да растат таму каде што и се наоѓаат. Со тоа знаење, тие се обидуваат да манипулираат со гените за да ги подобрат нивните карактеристики и способности за преживување во различни клими и средини, без да ги изгубат своите хранливи вредности.

Во собата сега има повеќе од 900.000 примероци, донирани од секоја земја од светот. Иако се наоѓа во Норвешка, оваа градба е многу поблиску до Северниот пол. Регионот е доволно студен за да не дојде до расипување на семињата, а и е безбедно место во случај на катастрофа.

Собата веќе беше отворена за да го осигура биодиверзитетот за идните генерации. Кога банката за семиња во Алепо беше приморана да ги затвори своите врати соочена со војна, се потпре на оваа во Свалбард за да се изврши надополнување на архивите на нова локација. Местото е навистина инспиративно – претставува иднина каде што човештвото работи заедно за општо добро.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука