X
 01.09.2017 Наука

Во Амазонија откриени нови 381 животински вид

видови

Во текот на двегодишно истражување во регионот близу Амазон, научниците успеале да откријат 381 нов вид. Пронајдени се 216 досега непознати растенија, 93 видови риба, 32 водоземци, 20 цицачи, 19 рептили и 1 вид птица.

Во извештајот од Светската фондација за природа и Бразилскиот институт за одржлив развој се наведува дека видовите во просек биле откривани на секои два дена.

Авторите на извештајот предупредуваат дека речиси сите новооткриени животни и растенија се наоѓаат во области кои се загрозени од човечката активност.

Рикардо Мело, координатор за бразилската филијала на Светската фондација за природа, вели дека тоа што сè уште се откриваат стотици видови покажува дека во регионот има уште работа, а земјоделството и сечењето на шумите ги означи како најголемата опасност за видовите.

„Сите новооткриени видови се наоѓаат во области каде што луѓето го уништуваат Амазон, што е многу важно бидејќи докажува дека нашата економска активност доведува до истребување на видовите уште пред да дознаеме за нив“, вели Мело.

Извештајот се појави во време на остра дебата во Бразил по повод екстракција на руда во природните извори.

Судот ја суспендира владината одредба со која резерватот Ренка во источен Амазон би бил отворен за комерцијално рударство. Одредбата потпишана од претседателот Мишел Темер противниците ја опишуваат како „најголемиот напад врз Амазон во изминатите 50 години“.

Амазонската дождовна шума е најголема во светот и е позната по своите разновидни видови и живеалишта.

Рикарод Мело вели дека сè уште се откриваат видови, и во тој регион работата не е завршена.

Од 1999 до 2015 година се откриени повеќе од 2.000 нови видови.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука