X
 02.09.2017 Живот

И татковците на породилно: Европа ги изедначува обврските меѓу мажите и жените во семејството

tatko
 
За да се обезбеди поголемо ниво на рамноправност помеѓу половите, пред сè на пазарот на трудот, Европската комисија предлага нова директива во усогласувањето на приватниот и работниот живот на родителите.

Се предлагаат најмалку четири месеци родителско отсуство што мора да ги искористи таткото и не може да ги префрли на мајката, како и најмалку десет слободни платени дена за таткото после пораѓањето на мајката.

Директивата предлага и воведување отсуство за грижа за тешко болен роднина или роднина-зависник од најмалку пет дена годишно, како и можност за користење родителско отсуство до 12 години од животот на детето, но и право, додека детето не наполни 12 години, родителот да побара можност да работи од дома или некоја друга форма на флексибилен начин на работа.

Како што се наведува, во сите држави членки има значително помалку вработени жени отколку мажи, а истражувањата покажуваат дека причините се зголемени обврски околу семејството, децата и други семејни причини, додека ваквите обврски кај мажите се многу поретки.

Директивата е предложена за нивото на обврски во семејството рамномерно да се подели помеѓу мажите и жените.

Но реакциите на оваа директива помеѓу земјите членки се различни, односно дел од нив сметаат дека со неа премногу се допира во националното законодавство, и не одговара со принципот на супсидијарност, и дека прашањето за родителско отсуство и отсуство за грижа мора да биде договорено помеѓу социјалните партнери во рамките на националното законодавство. Ваква беше првичната реакција на Холандија, Португалија и Данска, додека Чешка, Романија и Италија се согласија со предлозите.

За директивата да биде прифатена, потребен е консензус на сите членки.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот