X
 02.09.2017 Наука

Тинејџер освоил 250 илјади долари за објаснување на Теоријата на релативноста на Ајнштајн

Што правевте кога имавте 18 години? Најверојатно не сте освојувале илјадници долари за едноставно објаснување на теориите на Ајнштајн. Освен ако не сте Рајан Честер.

фото извор: The Sydney Morning Herald

Во 2015 година Рајан Честер направил видео од 7 минути во кое ја објаснува Теоријата за релативноста на Ајнштајн. Неговото видео заработи награда од 400.000 долари. Од тие пари Честер однел дома стипендија од 250.000 долари, неговото училиште во Кливленд доби 100.000 долари за изградба на нова научна лабораторија, а неговиот омилен наставник по физика, Ричард Нестоф, добил 50.000 долари.

Ако не верувате дека тинејџерот ги заслужил парите, погледнете го видеото. Честер користи демонстрации од реалниот живот за да опише комплексна наука.

Наградата што ја зел Честер е од „Breakthrough Prize Foundation“, која има цел да инспирира студенти на возраст помеѓу 13 и 18 години кои размислуваат на креативен начин за науката и ги охрабруваат идните генерации научници.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука