X
 03.09.2017 Култура

Фантастични романи што може да ги читате додека чекате нови епизоди од „Игра на троновите“

Сите фанови на популарната „Игра на троновите“ се возбудени поради најновата сезона, па сигурно зборуваат само за тоа. Доколку сте вистински вљубеници во световите на фантазијата, тогаш најверојатно сте заинтересирани и за таква литература. Ова се неколку одлични книги што ви советуваме да ги прочитате:


„The Black Company“ од Глен Кук

Одамна, бунтовник соборил злобен волшебник, кој ги претворал своите непријатели во лојални слуги. По неколку века, волшебникот бега од затворот и формира сопствена империја. Епска фантазија и воена акција. Според оваа книга се подготвува и телевизиска серија.

„Assassin’s Apprentice“ од Робин Хоб

Традиционална, средновековна приказна лоцирана во свет на фантазија во европски стил. Фиц е дете со специјални способности, а е на удар од својот чичко Реган, кој предизвикува војна со соседите на кралството.

„Arrows of the Queen“ Мерцедес Лаки

Приказна за Талиа, бегалка избрана да се вклучи во редовите на елитните чувари кои ја штитат кралицата. Заговори му се закануваат на кралството, а таа тренира за да биде дел од заштитничката гарда.

„A Wizard of Earthsea“ од Урсула К. Ле Гуин

Новела од 1968 година. Оригинална приказна за младо момче кое оди во академија за магија. Ненамерно ќе ослободи темно суштество, па мора да патува низ острови за да го најде и да го уништи.

„His Majesty's Dragon“ од Наоми Новик

Воената ера на Наполеон. Војници, змејови и нивната поврзаност. Приказна за длабоко пријателство.

„Fortress Draconis“ од Мајкл А. Стакпол

Приказна напишана во 2000 година. Сираче крадец со име Вил, краде вредна награда од група џуџиња, па се наоѓа во средината на пророштво кога злобна волшебничка се заканува да го уништи светот.

„The Emperor’s Blades“ од Брајан Ставлеј

Прва новела на авторот. Убиен е императорот на империјата Ануриан, а зад себе ги остава трите деца кои се обидуваат да дознаат кој стои зад убиството и кој сака да го преземе царството.

„The Shadow of the Torturer / The Book of the New Sun“ од Џин Волф

Маченикот Севериан е прогонет. Приказната е поставена во далечна иднина. Содржи сегменти од научна фантастика, како што е патување низ времето, вонземјани, технологија и роботика. Се разбира, присутни се и митови, замислен свет и фантастични суштества.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура