X
 04.09.2017 Образование

Дескоска со порака до учениците: „Трагајте по знаење затоа што образованието е патот кон вашата слобода...“

За околу 270 илјади ученици денеска почнува новата учебна година. Најрадосни и највозбудени се првачињата, кои оваа година се 20.437 на број, од кои наставата на македонски јазик ќе ја следат 13.218, а на албански јазик 6.419 ученици. Министерството за образование и наука соопшти дека во средните училишта, пак, се запишани 17.364 ученици во прва година и потенцира дека овие бројки не се конечни и дека истите ќе бидат познати во средината на септември. Наставата се одвива во вкупно 362 основни и 108 средни училишта. Министерката за образование и наука Рената Десковска изјави дека за непречено одвивање на наставата, одобрени се нови вработувања, дека се завршени неколку реконструкции на училишта, а санација, каде што е потребно, најави за следниот период.



Дескоска изјави дека учениците ќе ги добијат бесплатните учебници најдоцна до 15 септември. Во пронаоѓањето на грешките во учебниците ќе помагаат и самите наставници. Имено, креирана е нова апликација e-ucebnici.mon.gov.mk преку која секој наставник ќе може да укаже на грешки и проблеми во учебниците што треба да се изменат. Десковска им посака успешна година на сите ученици, наставници и професори

- На наставниците и професорите, на почетокот на учебната година сакам да им порачам: Бидете посветени, иднината на светот е во вашите училници! На учениците сакам да им порачам: Трагајте по знаење затоа што образованието е патот кон вашата слобода, знаењето е најсилното оружје со кое можете да го смените својот живот – рече Дескоска.
Подготвил: М.А.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование