X
 04.09.2017 Наука

Фосилите на Крит ги менуваат досегашните теории за еволуцијата на човекот?!


Човечки отпечатоци
(Фото: Andrzej Boczarowski)


Фосилните траги од стапала стари 5,7 милиони години што се пронајдени на Крит би можеле да ги разнишаат широко прифатените теории за раната човекова еволуција, пишува „Дејли меjл“.

Трагите имаат форма на човечко стапало, со јасно изразен палец и вдлабнатина на табанот каква што не може да се најде кај мајмуните.

Датирањето покажало дека отпечатокот настанал во времето кога се смета дека првобитните луѓе ја населувале само Африка и имале мајмуновидни стапала.

Сите студии во последните неколку децении укажувале на тоа дека сите човечки предци чии пронајдени фосилни траги биле постари од 1,8 милион години живееле и еволуирале во Африка.

Истражувачите наведуваат дека сега постојат шанси дека раните хоминиди, пред Крит да се одвои од главното грчко копно и Сахара, можеби не ја населувале само Африка, туку и Југоисточна Европа.

Еволуција на човекот:

*пред 55 милиони години – еволуција на првите примитивни примати

* пред 15 милиони години – од гибоните се развиваат хоминидите (човеколиките мајмуни)

* пред 8 милиони години – еволуција на првите горили. Родовите на луѓето и шимпанзата подоцна се раздвојуваат на две гранки

*пред 5,5 милиони години – ardipithecus, првиот „прото-човек“, ги имал карактеристиките на шимпанзата и горилите

* пред 4 милиони години – се појавуваат мајмуноликите рани луѓе, како australopithecines. Иако нивниот мозок не бил поголем од мозокот на шимпанзото, имале некои човечки карактеристики

* пред 3,9-2,9 милиони години – australopithecus afarensis живеел во Африка.

* пред 2,7 милиони години – paranthropus живеел во шумите и имал огромна вилица за џвакање

* пред 2,3 милиони години – се смета дека Homo habalis тогаш првпат се појавил во Африка

* пред 1,85 милион години – развој на првата модерна дланка

* пред 1,8 милион години – почнуваат да се јавуваат фосилни траги од Homo ergaster

* пред 1,6 милион години – рачните секири стануваат прва голема технолошка иновација

* пред 800.000 години – првите луѓе стекнуваат контрола врз оганот и создаваат огништа. Големината на мозокот драстично се зголемува

* пред 400.000 години – неандерталците почнуваат да се појавуваат и шират низ Европа и Азија

* пред 200.000 години – Homo sapiens – модерен човек - се појавува во Африка

* пред 40.000 години – модерните луѓе стигнуваат во Европа.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука