X
 04.09.2017 Технологија

Путин: Земјата што ќе биде лидер во развојот на вештачката интелигенција ќе владее со светот

Рускиот претседател Владимир Путин на состанок со студенти зборувал за развојот на вештачката интелигенција. Тој истакнал дека оној што ќе стане лидер во оваа сфера ќе биде и владетел на светот.

фото извор: CNN

Многумина од оние што работаат во оваа област ја гледаат вештачката интелигенција како алатка за подобрување на човештвото, додека други ја гледаат како крајот за човечкиот вид. Путин го истакнал потенцијалот на вештачката интелигенција да биде алатка за огромна моќ на една нација. Тој има визија за иднината каде што војните ќе се војуваат и победуваат со помош на дронови.

Технолошката супериорност многу лесно се претвора во глобална политичка моќ. Ова најмногу се согледувало по Втората светска војна, кога настана брзо создавање на нуклеарни оружја. Двете најмоќни земји забележаа голем напредок во нуклеарната технологија.

Претседателот Путин можеби не е далеку од вистината со неговите тврдења. Без разлика како се користи технологијата, таа ќе воведе трансформација во животот на луѓето. Вештачката интелигенција и натаму ќе напредува, со потенцијал да ги остави другите технологии зад себе.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија