X
 04.09.2017 Култура

Животот и смртта, и нивната најтажна љубовна приказна

живот
Фото: Printscreen/Vimeo

„The Life of Death“ е трогателен анимиран краток филм што се обидува преку персонификација да раскаже за тоа како би изгледало кога смртта би се заљубила во животот.

Колку и да сте подготвени да размислувате на оваа или на слична тема, овој филм сепак би можел да ве наведе на некои размислувања, особено оние што се обидуваат да ги откријат и најдлабоките тајни на човечкото постоење.

Филмот е веќе прикажан на неколку фестивали низ Европа и наиде на одличен прием кај публиката.

Музиката за ова мини ремек-дело е на Рамон де Вилид, а вие треба да издвоите само пет минути за да ја погледнете оваа прекрасна приказна.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура