X
 06.09.2017 Култура

„Македонија2025“ доделува бесплатни влезници на 10 студенти за претстојниот МК2025 Самит!

stipendii

Младите можат да бидат силни агенти на промена. Тие се клучни играчи при градењето на јавната свест за менување на одредени сегменти во општеството, како и во поткренувањето акција за вклучување на другите во самиот процес. Токму затоа нивното присуство на настани од ваков карактер игра важна улога.
 
Младинската перспектива и вклученост е секогаш добредојдена, а од друга страна знаењето и контактите со кои тие би се стекнале можат да резултираат позитивно врз нивните можности за напредок на кариерен план, како и да пробудат инспирација и мотивација за нивно понатамошно активно ангажирање во градење на одржливо инклузивно општество.

Поради тоа Македонија2025 и оваа година доделува 10 бесплатни влезници за МК2025 Самитот во Скопје (1-ри-2-ри ноември, хотел Мериот Скопје).

Доколку студирате во областа на економијата, бизнисот или технологијата и иновациите, вие сте подобни да аплицирате за бесплатна влезница!

Се’ што треба да направите е да ни испратите ваше мотивациско писмо (до 500 збора), кое ќе одговори на прашањето: “Зошто јас треба да бидам дел од самитот? ” заедно со кусо CV каде ќе бидат наведени вашите клучни искуства поврзани со образование/работа/пракса.

Рокот за поднесување на апликацијата ќе биде отворен во текот на месец септември.

Вашето мотивациско писмо и CV треба да ги испратите на office@macedonia2025.com

Повеќе информации за самитот погледнете ТУКА.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура