X
 07.09.2017 Образование

Можност да ја збогатите својата електронска библиотека со три книги на македонски јазик - „Зошто слобода“, „Мир, љубов и слобода“ и „Моралноста на капитализмот“

knigi

Неформалната студентска група Студенти за слобода – Македонија, со цел промоција на идеите за слободата и слободното општество и доближување на идеите до своите колеги, пред две години ја преведе и издаде книгата „Зошто слобода“ од Том Палмер. Успешноста на овој проект ја мотивира да продолжи со превод на уште две книги од истиот автор: „Мир, љубов и слобода“ и „Моралноста на капитализмот“. Книгите беа промовирани на неколку факултети низ државата и бесплатни копии им беа доделени на присутните студенти. Со цел поголем досег на истите и можност за сите заинтересирани да ги прочитаат овие книги, истите можете да ги симнете во електронска верзија.

Станува збор за збирки од есеи пишувани од студенти, професори и успешни личности во областа на претприемништвото, културата и уметноста, а истите се уредени од д-р Том Палмер. Книгите можат да им помогнат на студентите да го прошират своето знаење, да ги користат како литература при проектни обврски на факултет или да откријат како размислуваат нивните колеги од западните земји по однос на прашања што нè засегаат сите нас.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование