X
 08.09.2017 Култура

Можете ли да ги препознаете овие 20 филмски цитати?


Волис од „Храбро срце“
(Фото: Paramount pics)


Ви претставуваме неколку филмски цитати што секој вистински филмофил веднаш ќе ги препознае:

1.    „Можат да ни ги одземат животите, но никогаш нема да ни ја одземат слободата!“

2.    „Кога ќе сфатите дека сакате да го поминете остатокот од животот со некого, сакате остатокот од животот да започне што побрзо.“

3.    „Ако ја пуштиш мојата ќерка, тоа ќе биде крај на приказнава. Нема да те барам, нема да те прогонувам. Ако не го направиш тоа, ќе те барам, ќе те најдам и ќе те убијам.“

4.    „Заради тебе сакам да станам подобар човек.“

5.    „И токму кога помислив дека сум надвор, ме повлекоа назад.“

6.    „Господа, не можете овде да се тепате! Ова е Воена соба.“

7.    „Само продолжи да пливаш.“

8.    „Потребно е многу повеќе храброст да им се спротивставиш на пријателите отколку на непријателите.“

9.    „Патишта? Таму каде што ние одиме не ни требаат патишта.“

10.    „Го обожувам мирисот на напалм наутро. Мириса на... победа.“

11.    „Carpe diem. Искористете го денот, момчиња!“

12.    „Ја сакаш вистината? Па ти не можеш да ја поднесеш вистината!“

13.    „Секогаш ќе го имаме Париз.“

14.    „Ќе ти треба поголем брод.“

15.    „Не потценувај ја мастурбацијата. Тоа е секс со некого што го сакам.“

16.    „Некогаш гледавме во небото и размислувавме за нашето место меѓу ѕвездите. Сега само гледаме во земјата и се грижиме за нашето место во прашината.“

17.    „Ти си болест, јас сум лекот.“

18.    „Види пријателе, на светот постојат два вида луѓе – оние со наполнети пиштоли и оние што копаат. Ти копаш.“

19.    „Откако знам за себе, отсекогаш сум сакал да бидам гангстер.“

20.    „Работите што ги поседуваш на крај ќе те поседуваат тебе.“
























Решение:

1.    „Храбро срце“
2.    „Кога Хари ја сретна Сали“
3.    „Одземено“
4.    „Подобро не може да биде“
5.    „Кум 3“
6.    „Доктор Стрејнџлав“
7.    „Барајќи го Немо“
8.    „Хари Потер“
9.    „Враќање во иднината“
10.    „Апокалипса сега“
11.    „Друштво на мртвите поети“
12.    „Неколку добри луѓе“
13.    „Казабланка“
14.    „Ајкула“
15.    „Ени Хол“
16.    „Интерстелар (Меѓуѕвездени)“
17.    „Кобра“
18.    „Добриот, грдиот и лошиот“
19.    „Добри момчиња“
20.    „Борачки клуб“
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура