X
 11.09.2017 Образование

МОН рече „да“ за новите списанија „ЛИБИ“, „Мини ЛИБИ“, а се враќаат и „Наш свет“, „Другарче“, „Развигор“

Откако една учебна година учениците останаа без ниедно списание, од годинава учениците, односно нивните родители ќе имаат опција да избираат. Имено, Министерството за образование и наука даде согласност за употреба на списанијата со традиција „Наш свет“, „Другарче“, „Развигор“ („Просветно дело“) во училиштата, а од годинава децата ќе можат да ги изберат и списанијата кои се вистинско освежување на пазарот „Мини ЛИБИ“ (1 до 3 одд.) и „ЛИБИ“ (4-6 одд.), а ги издава „Арс Ламина“.




Издавачите го доставуваат барањето за употреба на списанијата до Комисијата за давање предлог за согласност за употреба на стручна литература и детски списанија во училиштата. Откако и Бирото за развој на образованието даде позитивно мислење, одлука донесува министерот за образование.

Детските списанија се многу важни во дополнувањето и утврдувањето на знаењето на нашите деца.
Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование